Франција ја победи Турција по продолжение и се пласира во четвртфиналето на Евробаскет
Германија– Репрезентацијата на Франција денес во осминафиналето на Евробаскет 2022 ја победи Турција по продолженија со резултат 87:86. Францускиот репрезентативен центар Руди Гобер го израмни резултатот на крајот од основните 40 минути и го однесе мечот во продолжение. Триесетгодишниот кошаркар постигна дабл-дабл – 20 поени и 17 скока, а стана и најпродуктивниот играч во француската репрезентација. […]