Го знаат рецептот: „Динамо“ за седум години ги победи сите од лондонската четворка


DCIM100MEDIADJI_0031.JPG

 

Со сензационална победа (1:0) против Челзи во првото коло од групата на Лигата на шампионите, Динамо заокружи уште еден голем европски успех, поточно постигна рекорд.
Со триумфот против Челзи во последните седум години во европските купови ги победи сите четири лондонски клуба:

Арсенал (2:1) во групата на Лигата на шампионите 2015/16, Тотенхем (3:0) во четврт-финалето на Лига Европа 2020/21, Вест Хем (1:0) во групата на Лига Европа 2021/22 и сега Челзи во ЛШ.

Со тоа тој стана првиот клуб во историјата на евро-куповите кој ја победил големата четворка од Лондон.