Медведев се зацврсти на лидерската позиција на АТП-листата по освојувањето на турнирот во Мексико


Рускиот тенисер Данил Медведев ја зголеми предноста во однос на конкурентите на светската ранг-листа што денес ја објави АТП. Медведев, кој викендот го освои турнирот во Лос Кабос, Мексико, има 1.115 бодови повеќе пред Германецот Александар Зверев. Претходно разликата беше 775 бода. За 26-годишниот Русин ова беше прв освоен турнир во 2022 година. Последен пат […]

Победа и пораз на македонските селекции на Олимпијадата во шах


 Осмото коло на шаховската Олимпијада во Ченај донесе половичен успех на македонските селекции во машка и женска конкуренција. Машката репрезентација го совлада Либан со максимални 4-0, додека шахистките претрпеа пораз со 2.5 – 1.5 во дуелот против Узбекистан. Цел поен во победата на Либан освоија Звонко Станојоски, Тони Лазов, Никола Николовски и Андреј Вељаноски, додека […]

Зверев боледува од дијабетес


Германскиот тенисер Александер Зверев соопшти дека боледува од дијабетес тип 1. Зверев открива дека болеста му е дијагностицирана кога имал само четири години. – Како дете не размислував многу за тоа, но подоцна се повеќе и повеќе мислев на болеста. Сакам да покажам дека и со оваа болест можете да одите далеку, да постигнете многу […]

Баерн демантира трансфер на Хари Кејн


 Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, изјави денеска оти германскиот шампион нема намера да го донесе во своите редови напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, нагласувајќи дека тоа се гласини кои ги форсираат медиумите. Салихамиџиќ рече дека Баерн по заминувањето на голгетерот Роберт Левандовски во Барселона би можел да игра без класичен напаѓач. – Приказните околу Кејн се гласини. […]

И Ѓоковиќ и Надал го пропуштаат турнирот во Монтреал. Причините им се различни


  Две од најголемите тениски ѕвезди ќе го прескокнат Канадскиот опен во Монтреал овој викенд пред Отвореното првенство во САД на крајот на август. Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ и официјално се откажаа од турнирот оваа недела, но од различни причини. Надал најави дека нема да отпатува за Канада во петокот наутро затоа што морал […]

ЦСКА поднесе тужба против кошаркарската Евролига


 Кошаркарскиот клуб ЦСКА од Москва поднесе тужба против Евролигата поради исфрлањето на рускиот клуб од претстојната сезона во елитното клупско натпреварување, објави грчка „Газета“. Московска ЦСКА е една од 11. екипи со загарантиран договор во Евролигата, меѓутоа по руската инвазија врз Украина, руските клубови се исфрлени од натпреварувањето. Раководството на московскиот клуб во март најави дека ќе […]

Челзи плати 20 милиони евра за тинејџерот Чуквуемека


  Англија – Англискиот фудбалски прволигаш Челзи потпиша денеска шестгодишен договор со талентираниот Карни Чуквуемека, кој доаѓа од Астон Вила, објавија попладнево двете страни. Финансиските детали од договорот не се објавени, а британските медиуми наведуваат дека трансферот е вреден 20 милиони евра. – Многу сум возбуден и едвај чекам да излезам на теренот, да ги запознаам соиграчите и […]

Лесјак и Дејвис промовирани во нови ракометари на Еурофарм Пелистер


Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер денеска ги претстави словенечкиот голман Урбан Лесјак и португалскиот среден бек Вилсон Дејвис за свои нови засилувања. – Кога стигна опцијата за Битола веднаш ми беше интересна. Градот го знаев бидејќи играв тука со Хановер, Филип Кузмановски ми кажа многу убави зборови за клубот, градот, организацијата, сопственикот и засега сè функционира супер […]

Крушево домаќин на меѓународен турнир во одбојка


  Во спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ во Крушево од денеска до 6. август ќе се одржи меморијалниот турнир во одбојка „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка”. Овој турнир е 46-ти по ред, а ќе учествуваат македонската младинска и сениорската репрезентација и ќе гостуваат репрезентативните одбојкарки од Косово и од Босна и Херцеговина. Првиот натпревар е денеска од 17:30 часот […]

Премиерлигашките капитени одлучија: Нема повеќе клекнување


Премиер лигата објави дека капитените на клубовите од највисокото ниво на англискиот фудбал се договориле да нема клекнување пред почетокот на натпреварите во новата сезона, како знак на поддршка во борбата против расизмот. Викендов стартува најдоброто и најинтересното државно клупско фудбалско натпреварување во светот, а Премиер лигата објави неколку новости во пресрет на стартот на […]

Погба нема да го оперира коленото


  Италија– Францускиот фудбалер Пол Погба одлучи да не го оперира коленото и со „конзервативна терапија“ ќе се обиде да биде подготвен за настап со Триколорите на Светското првенство во Катар кон крајот на оваа година, пренесуваат денеска италијанските и француските медиуми. Играчот за врска на Јувентус го повреди менискусот на еден од првите тренинзи со новиот […]

Четири јужноамерикански земји заеднички кандидати за организација на Мундијалот 2030


  Аргентина – Уругвај, Аргентина, Чиле и Парагвај ја формализираа својата заедничка кандидатура за организација на Светското фудбалско првенство во 2030 година, кога ќе се одбележи 100-годишницата од првото мундијалско издание. – Ова не е владин проект, ова е сон на целиот наш континент. Се наоѓаме на култното место од каде сè започна. Ќе има уште многу светски првенства, но 100-годишнината […]

Илинденскиот пливачки маратон по 43. пат во водите на Охридското Езеро


Во водите на Охридското Езеро денеска во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а под покровителство на Општина Охрид, по 43. пат ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон во должина од 2,5 километри, со старт на плажата „Горица“ и цел на Градското пристаниште. Катерина Стојаноска од пливачкиот клуб „Охридски бранови“ вчера на прес-конференција информираше дека […]

Алиоски ја продолжува кариерата во Фенербахче


  Турција – Левиот бек на македонската фудбалска репрезентација Езѓан Алиоски ќе ја продолжи кариерата во турскиот гигант Фенербахче, објави клубот од Истанбул попладнево на социјалните мрежи. Двете страни, како што се наведува, постигнале начелен договор кој треба да се официјализира по доаѓањето на Алиоски во Истанбул најавено за вечерва. Алиоски ќе се пресели во Фенербахче како позајмен фудбалер од редовите на Ал – Ахли од […]

Синер го победи Алкараз во финалето во Умаг


  Хрватска- Јаник Синер во неделата го победи шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по втор пат во четири недели и ја освои титулата на Шпанецот во Умаг на земјени терени. Светскиот рекет број 10, Синер, дојде од негатива од првиот сет и го победи петторангираниот Алкараз со 6-7 (5/7), 6-1, 6-1 во финалето. Синер, кој сега […]

Пред Мајкл Џордан и Меџик Џонсон беше Бил Расел: НБА ѕвездата почина на 88 години


САД- Бил Расел редефинира како се игра кошарката, а потоа го смени начинот на кој се гледа спортот во расно поделената земја. Најплодниот победник во историјата на НБА, Расел маршираше со Мартин Лутер Кинг Џуниор, застана со Мухамед Али и го прими Претседателскиот медал на слободата од претседателот Барак Обама. Центарфорот на Бостон Селтикс, која […]

Златен медал за македонскиот карате-тим на Универзијадата во Полска


Машката екипа на македонската универзитетска карате репрезентација освои злато во борби на Европската Универзијада во Лоѓ, Полска. Карате-тимот составен од Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски во финалето ја совлада Украина со резултат од 3-1. На истиот реномиран шампионат, во индивидуална конкуренција со златно признание се закити и Давид Петков, […]

Македонските каратисти ќе се борат за злато на Европската универзијада во Полска


Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски го сочинуваат македонскиот тим што се пласира во финале на Европската Универзијада во Лоѓ, Полска. Во екипна конкуренција во борби, тие имаа три извонредни победи и утре ќе земат учество во финалните натпревари. – Направивме одличен успех. Успеавме да влеземе во финале во најтешката […]

Зверев неизвесен за ЈуЕс Опен


    Германија– Германскиот тенисер Александар Зверев не губи надеж дека идниот месец ќе може да настапи на ЈуЕс Опен, но најверојатно ќе се врати на теренот по повредата на зглобот дури кон средината на септември за Дејвис купот. Зверев се повреди во полуфиналето на Ролан Гарос против Рафаел Надал и минатиот месец беше опериран. – Саша […]

Македонија Ѓорче Петров ѝ гостува на ЦСКА


 Македонија Ѓорче Петров денеска од 19 часот ѝ гостува на Софиса ЦСКА во рамките на реванш натпреварот од Конференциската лига. По резултатот од 0-0 во Скопје, тимот кој денеска ќе победи продолжува на европската сцена во 3. квалификациско коло во Конференциската лига. Тимот на Македонија ЃП овој натпревар ќе го игра без Матеус Лемос, кој беше […]