Челзи објави кој ќе го води клубот


Германскиот стручњак Томас Тухел доби отказ од клупата на Челзи по поразот од Динамо во Лигата на шампионите, а Челзи денеска го објави името на новиот тренер.

Со Челзи најмалку во следните две години ќе раководи Греам Потер.

Потер последните четири сезони ги мина на клупата на Брајтон и Хоув Албион и ги освои симпатиите на многу фудбалски фанови, меѓу кои и сопственикот на Челзи, кој реши да го ангажира.

Тренерската кариера ја започна во 2011 година во шведски Естерсундс, а раководеше и со Свонси. Тој исто така беше солиден фудбалер во својата фудбалска кариера, играјќи за Стоук Сити, ВБА, Саутемптон и многу други клубови.