За Мурињо нема работа во Европа: Португалецот преговара со второлигаш од Саудиска Арабија


Ријад – Откако Жозе Мурињо доби отказ од Рома, се појавија многу прашања каде еден од најдобрите тренери во историјата ќе ја продолжи кариерата. Сепак, ретко кој очекуваше дека тоа би можело да биде во второлигаш на Саудиска Арабија!

Мурињо наводно е во преговори со лидерот на Првата лига на Саудиска Арабија, Ал Кадисија. Клубот следната сезона ќе игра во елитното ниво, а бидејќи сака да ги одмери силите со Ал Итихад, Ал Хилал, Ал Наср и Ал Ахли, потребно е големо тренерско име во близина на теренот.

Португалецот веќе е виден во Хобад, градот од каде што е и споменатиот клуб, што значи дека постои можност преговорите околу ангажманот веќе да се во тек.

Ова не е првпат Мурињо да се најде на радарот на клубовите од Саудиска Арабија. Додека беше на клупата на Рома откри дека го контактирале неколку клубови, но сите ги одбил.

-Бев многу емотивен по финалето на Лига Европа, но одбив примамлива понуда од Саудиска Арабија за да останам во Рома, изјави тогаш Португалецот.

Се чини дека Мурињо се предомислил и дека ќе го видиме на тренерска функција во оваа азиска земја.