Шпанецот Педри е „златното момче“ на европскиот фудбал


Италија- Фудбалерот на Барселона, Педри е добитник на престижната фудбалска награда „Златно момче“, откако беше соопштено денес.

Станува збор за признание кое го доделува италијанскиот весник „Tutto sport“ кое е наменето за најдобриот играч во Европа до 21 година.

Благодарам за овој трофеј, што ме прави горд. Им благодарам на сите членови на жирито и на навивачите кои секогаш ме поддржуваа во оваа неверојатна 2021 година. Секако, благодарен сум на Барселона, репрезентацијата, моето семејство, пријателите и оние кои беа со мене од ден на ден и без кого не би можел да ја освојам оваа награда“, изјави Педри, кој наградата ќе ја добие на 13 декември во Торино.

Победникот го избираат 40 спортски новинари од најпрестижните европски медиумски куќи.

Како што беше најавено, дури 24 членови на жирито го ставија Педри на прво место по својот избор, девет на второ и тројца на трето. Тоа значи дека Шпанецот собра вкупно 318 гласови. На второто место се најде англискиот фудбалер Џад Белингем, со 119 гласови. Ова е најголемата разлика меѓу добитникот на наградата и вицешампионот во историјата.

Минатата година наградата му беше доделена на Ерлинг Холанд, а во минатото ја добија и Жоао Феликс, Килијан Мбапе, Рахим Стерлинг, Пол Погба, Серхио Агуеро, Лионел Меси и Вејн Руни …