Ѓоковиќ по седми пат најдобар спортист на Балканот


Бугарија– Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ е прогласен за спортист на Балканот за 2021 година во изборот организиран од Бугарската новинска агенција (БТА). Србинот, по рекорден седми пат се најде на првото место во 48-от избор на најдобар балкански спортист. Претходно Ѓоковиќ ја освои наградата пет пати во низа 2011 до 2015 година и во 2019 …

Ѓоковиќ по седми пат најдобар спортист на Балканот Read More »

Ѓоргоноски: Создаваме услови секое дете да ги покаже своите афинитети и развие својот талент кон ракометот


Четири месеци од почетокот на проектот „Ракомет за секое дете“ наменет за дечиња од 7-12 годишна возраст, во организација на агенцијата КМГ Груп Спорт се одржа првиот турнир со учество на екипи од Велес, општините Аеродром, Кисела Вода, Карпош, како и градот Битола. Повеќе од 110 момчиња и девојчиња, во СЦ „Јане Сандански“ во Општина …

Ѓоргоноски: Создаваме услови секое дете да ги покаже своите афинитети и развие својот талент кон ракометот Read More »

Ковач пред отказ во Монако


Монако– Хрватскиот фудбалски стручњак, Нико Ковач може да го напушти Монако оваа зима. Според „Л’Екип“, причина за евентуалниот отказ може да биде недостатокот на напредок во тимот, како и се позаладениот однос помеѓу тренерот и играчите. Сепак, одлуката може да биде одложена до крајот на сезоната. Оваа сезона Монако има постигнато 29 поени на 19 првенствени …

Ковач пред отказ во Монако Read More »

Леброн стана третиот играч во историјата на НБА со 36 000 поени во кариерата


  Кошаркарот на Лос Анеџелес лејкерс, Леброн Џејмс надмина 36 000 поени во кариерата. Триесет и шестгодишниот Американец стана третиот кошаркар во историјата на НБА-лигата со вакво достигнување. Првата ѕвезда на Лејкерс, ноќеска на гостувањето кај Хјустон постигна 32 поена, 11 скокови и 11 асистенции и со “трипл-дабл“ ефект го предводеше својот тим до победата …

Леброн стана третиот играч во историјата на НБА со 36 000 поени во кариерата Read More »

Клоп за поразот од Лестер: Тоа беше многу чуден натпревар


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по поразот од Лестер (0:1) во 20. коло од Премиер лигата, призна дека противникот го заслужил овој резултат. Германецот се надева сека неговите избраници ќе извлечат поука од овој меч. „Тоа беше дефинитивно заслужена победа за Лестер. Многу чуден натпревар. Не бевме доволно добри, иако имавме доволно шанси. Можеби недостасуваше …

Клоп за поразот од Лестер: Тоа беше многу чуден натпревар Read More »

Русија ќе се кандидира за домаќин на ЛОИ 2036


 Русија сака да се натпреварува за домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ) 2036 и се подготвува да избере најсоодветен град за својата кандидатура. – Мораме да се натпреваруваме за домаќини на Игрите 2036 и целата земја мора да именува достоен кандидат, изјави денеска во Москва, рускиот вицепремиер Дмитриј Чернишенко. Изборниот процес ќе го води Рускиот …

Русија ќе се кандидира за домаќин на ЛОИ 2036 Read More »

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига


Шпанија– Поради голем број заразени играчи во дел од клубовите одложени се три од четирите натпревари што беа закажани за утре во кошаркарската Евролига. Последните информации говорат дека се појавиле многу позитивни тестови на коронавирус во редовите на Олимпијакос, кој поради тоа нема на располагање најмалку осум здрави играчи и не може да го одигра …

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига Read More »

На 52 години почина братот на Марадона


Италија– Семејството Марадона остана без уште еден член, 52-годишниот Уго кој починал во својот дом во Неапол. Поранешниот младински репрезентативец на Аргентина и воедно брат на легендарниот Диего Армандо доживеал срцев удар, информираат светските медиуми. Ова е нова трагедија во славното семејство со оглед на тоа што пред 13 месеци својот живот го загуби славниот …

На 52 години почина братот на Марадона Read More »

Теквондистот Дејан Георгиевски е најдобар спортист на Град Скопје


Теквондистот и најуспешен македонски олимпиец на последните Олимписки игри, каде што освои сребро, Дејан Георгиевски, избран e за најдобар спортист на Град Скопје, а наградата ја доби од градоначалничката Данела Арсовска. Во салата на Советот на Град Скопје денеска беа прогласени и преостанатите најуспешните спортистки,спортисти и тренер на Град Скопје, за 2021 година.  Традиционално и …

Теквондистот Дејан Георгиевски е најдобар спортист на Град Скопје Read More »

Лазаров: Важен е пристапот на играчите, Кувајт не се споредува со ривалите на ЕП


 Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е задоволен од победата (31:21) против Кувајт на првиот пријателски натпревар во подготовките за Европското првенство 2022. Сепак, на Лазаров не му е во прв план резултатот на подготвителните натпревари, туку поважно е како ќе се однесуваат неговите репрезентативци. – Не ми е важен толку резултатот, колку што …

Лазаров: Важен е пристапот на играчите, Кувајт не се споредува со ривалите на ЕП Read More »

„Тенис Австралија“ негира дека Ѓоковиќ се повлече од АТП купот


Владиното тело „Тенис Австралија“ објави дека Новак Ѓоковиќ не се повлекол од АТП купот и покрај последните информации дека ќе го пропушти турнирот. – Нема откажувања од страна на српскиот тим. Ѓоковиќ сега е во Белград. За патување во Австралија е потребна вакцина против корона вирус. Првиот светски рекет неколку пати одби да каже дали …

„Тенис Австралија“ негира дека Ѓоковиќ се повлече од АТП купот Read More »

НБА го скратува времето за карантин за вакцинирани, асимптоматски играчи


САД– Вакцинираните НБА играчи и тренери без симптоми, по одобрените измени на правилата во лигата, ќе можат да го напуштат карантинот по шест дена, доколку тестовите покажат дека тие повеќе не се опасни во однос на ширењето на СОВИД-19. Според официјалниот сајт на НБА, измените стапуваат на сила од понеделник, кога лигата го испратила соодветниот документ …

НБА го скратува времето за карантин за вакцинирани, асимптоматски играчи Read More »

Во Премиер лигата рекордни 103 позитивни тестови на корона вирус за една недела


 Инциденцата на корона вирус меѓу членовите на клубовите од Премиер лигата достигна рекордно ниво. Во текот на неделата од 20 до 26 декември се евидентирани 103 случаи на зарази. Претходниот рекорд за истиот период беше 90 случаи. Вкупно, во текот на изминатата недела, претставниците на лигата поминаа 15.186 тестови. Во тековната сезона од Премиер лигата …

Во Премиер лигата рекордни 103 позитивни тестови на корона вирус за една недела Read More »

Одржано Отворено шаховско првенство на град Скопје за млади


Во Организација на Шаховскиот сојуз на град Скопје потпомогнати од Шаховската федерација на Македонија и ПСУ „Јахја Кемал“, изминатите два дена се одржа турнирите до 8, до 10 и до 12 години во шах со стандардно темпо за размислување. Најдобри млади шахисти станаа: До 8 години: 1.Симоновски Лука 2.Диванисов Матеј 3.Стојановиќ Марко До 10 години: …

Одржано Отворено шаховско првенство на град Скопје за млади Read More »

Рангник незадоволен од играта на Манчестер јунајтед против Њукасл


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар со Њукасл во 19. коло на шампионатот на Англија. Средбата заврши без победник, 1:1. -Не сум задоволен од нашето издание. Имавме премногу неизнудени грешки, а раниот гол не ги олесни работите. Во првото полувреме наметнавме борба, во второто бевме подобри, но тоа е …

Рангник незадоволен од играта на Манчестер јунајтед против Њукасл Read More »

Во Премиер лигата веќе 103 заболени од ковид


  Рекордни 103 позитивни случаи на Ковид-19 беа откриени меѓу играчите и персоналот во Премиер лигата во текот на изминатата недела, соопшти лигата во понеделникот по голем број одложувања на натпревари за време на напорниот празничен период. „Лигата денес може да потврди дека помеѓу понеделник 20 декември и недела 26 декември биле спроведени 15.186 тестови …

Во Премиер лигата веќе 103 заболени од ковид Read More »

Ѓоковиќ 353-та недела на врвот на АТП листата


Србија- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да го зголемува сопствениот рекорд по бројот на недели поминати на врвот на светскиот тенис, бидејќи денеска ја започна 353-та недела на врвот на АТП листата. Ѓоковиќ на 8 март годинава го надмина Швајцарецот Роџер Федерер по бројот на недели поминати на врвот на АТП листата (310) и оттогаш …

Ѓоковиќ 353-та недела на врвот на АТП листата Read More »

И Рубљов позитивен на коронавирус


Шпанија– Рускиот тенисер Андреј Рубљов објави дека е позитивен на коронавирусот и додаде дека ќе патува во Австралија само кога „ќе биде безбедно за сите“. „Моментално сум во Барселона и за жал сум позитивен на коронавирусот. Имам минимални симптоми. „Јас сум во изолација и ги почитувам сите протоколи под надзор на лекар“, напиша Рубљев доцна …

И Рубљов позитивен на коронавирус Read More »

(Видео) Јокиќ се искачи на првото место во историјата на Нагетс во категоријата 20+20


Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, направи дабл-дабл и му помогна на својот тим да обезбеди победа од 103:100 над Лос Анџелес клиперс на натпреварот одигран рано утрово на гостински терен. Србинот мечот го заврши со 26 поени и 22 скока што е повторување на личниот рекорд. Тој оствари и осум асистенции, две украдени топки …

(Видео) Јокиќ се искачи на првото место во историјата на Нагетс во категоријата 20+20 Read More »

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“


Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец вечерва на свеченост во Скопје ја промовира спортската монографија и истоимениот документарен филм, „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“. Двете дела се посветени на незаборавните успеси на клубот Бучим-Јака од Радовиш кој во 1995 стигна до титулата европски првак, а една година подоцна стана светски шампион. На 25-годишнината од …

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“ Read More »