Пендаровски им посака мирно езеро и успешна трка на учесниците на Охридскиот пливачки маратон


Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид присуствува на 35. Охридски пливачки маратон што се одржува под негово покровителство. На стартот, претседателот Пендаровски им посака мирно езеро и успешна трка на учесниците, нагласувајќи го нивниот придонес во афирмацијата на Охридскиот пливачки маратон. Претседателот Пендаровски, проследи дел од маратонот во придружба на талентирани ученици, добитници на награди […]

Фудбалскиот сојуз на БиХ ќе добие околу 205 илјади евра за пријателскиот натпревар со Русија


БиХ– Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина ќе добие околу 205 илјади евра за учество на репрезентацијата на пријателски натпревар против Русија, пренесува „РИА Новости“ повикувајќи се на „Дневни аваз“. Руската страна ќе ги покрие и сите трошоци за патување и сместување на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. Пријателскиот натпревар ќе се одржи во Санкт […]

Алкараз против Руд во финалето на УС Опен


  САД – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во финалето на УС Опен, откако ноќеска во пет сета го надигра Американецот Френсис Тиафо. Во меч кој траеше 4 часа и 19 минути, 19-годишниот Алкараз имаше шест аса, направи три двојни грешки и искористи 8 од 19 брејк топки. Дваесет и четиригодишниот Тиафо сервираше 15 асови, […]

Oд Свети Наум до Охридското пристаниште – денеска се одржува традиционалниот Охридски пливачки маратон


Осуммина пливачи, седум во машка конкуренција и една девојка ќе пливаат денеска на патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште на традиционалниот Охридски пливачки маратон. Во категоријата мажи ќе се натрепваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и […]

Грција, Саудиска Арабија и Египет ќе се кандидираат за домаќини на Мундијалот во 2030


Грција, Саудиска Арабија и Египет ќе се кандидираат за домаќини на Мундијалот во 2030   Лондон, 9 септември 2022 (МИА) – Саудиска Арабија, Грција и Египет ќе поднесат заедничка кандидатура за организација на Светското фудбалско првенство во 2030 година, објави денеска лондонски Тајмс Доколку ФИФА ја прифати нивната кандидатура, СП 2030 би бил прв Мундијал во […]

Седлоски повторно на клупата на Шкупи


Само десет денови откако му беше прифатена оставката на тренерското место на Гоце Седлоски, 48-годишниот стратег се врати на клупата на Шкупи, потврди денеска актуелниот македонски фудбалски шампион.  Седлоски подбесе оставка по неуспешните настапи на европската сцена и бледиот старт на Шкупи во Првата македонска фудбалска лига, но серијата слаби резултати на клубот од Чаир […]

Бројни спортски настани откажани во Велика Британија по смртта на кралицата Елизабета


Бројни спортски настани во Велика Британија се откажани по смртта на кралицата Елизабета Втора, која почина вчера на 96-годишна возраст. Во знак на жалост по повод смртта на британската кралица, денешниот дуел во англискиот Чемпионшип меѓу Барнли, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, и Норич е откажан, а нема да се одигра и натпреварот во Лига 2 […]

Швјонтек и Жабер во женското финале на УС Опен


  Полската тенисерка Ига Швјонтек и Он Жабер од Тунис ќе играат во финалето на последниот грен–слем турнир сезонава УС Опен во Њујорк. Швјонтек, која е најдобро рангирана на ВТА листата, ја совлада во полуфиналето белоруската ривалка Арина Сабаленка со 3-6, 6-1, 6-4, додека петта тенисерка во светот Жабер беше подобра од Каролин Гарсија од […]

Форбс: Далас Каубој останува највреден клуб во светот


  САД– Далас каубојс од професионалната НФЛ лига во американски фудбал шеста година по ред ја предводи листата на највредни спортски екипи, според истражувањето на специјализираниот финансиски магазин Форбс. Според Форбс, вредноста на Далас каубојс се проценува на осум милијарди долари, што е за дури 40 отсто повеќе од ланската вредност. И на второто и […]

Челзи објави кој ќе го води клубот


Германскиот стручњак Томас Тухел доби отказ од клупата на Челзи по поразот од Динамо во Лигата на шампионите, а Челзи денеска го објави името на новиот тренер. Со Челзи најмалку во следните две години ќе раководи Греам Потер. Потер последните четири сезони ги мина на клупата на Брајтон и Хоув Албион и ги освои симпатиите […]

Алкараз го доби маратонот со Синер


  САД – Шпанецот Карлос Алкарас го победи Италијанецот Јаник Синер во четвртфиналето на УС Опен со 3:2, по сетови: 6:3, 6:7, 6:7, 7:5 и 6:3. Натпреварот траеше 5 часа и 18 минути. Шпанецот сервираше пет аса и исто толку двојни грешки. Тој конвертира 10 од 25 брејк-точки. Синер имаше осум асови и 11 двојни грешки. […]

„Океаника“ на Васко Тодоров го отвора првиот фестивал на подводен филм во Струга


  Филмот „Океаника“ на Васко Тодоров ќе го отвори првиот „Фестивал на подвоен филм“ што од денеска до 11 септември ќе се одржува во кампот „Скаут“ во Струга. Пред љубителите на водните спортови ќе бидат прикажани филмови од приватните колекции на реномирани автори на филмови снимени под вода. Покрај активностите за нуркање, кајак, СУП – […]

Последниот натпревар на Серена Вилијамс најгледан во историјата


  САД– Поразот на Серена Вилијамс во,најверојатно, последниот натпревар во нејзината блескава кариера, е најгледан тениски телевизиски пренос во 43-годишната историја на ЕСПН, објави денеска американската телевизиска мрежа. Поразот на Серена Вилијамс во третото коло на УС Опен од австралиската тенисерка Ајла Томљановиќ во просек го следеле 4.8 милиони гледачи, а максималната бројка достигнала 6.9 […]

Барселона подготвува рекорден трансфер во женскиот фудбал


  Манчестер сити ја прифати понудата на Барселона за услугите на фудбалерката Кеира Волш, која ќе прејде во редовите на каталонскиот клуб за рекорден износ во историјата на женскиот фудбал, објавија денеска британските медиуми. Според Скај спорт, трансферот на 25-годишната Волш од Манчестер сити во Барселона ќе изнесува рекордни 350.000 фунти. Претходно, највисокиот трансфер во […]

Челзи ќе разговара со Зидан и Покетино по отпуштањето на Тухел


  Британските медиуми објавија имиња на кандидати кои би можеле да го наследат Томас Тухел на тренерското место во Челзи. Греам Потер, кој моментално работи со Брајтон, би можел да биде нов менаџер на Челзи. Клубот ќе разговара и со поранешниот тренер на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино, како и поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин […]

Тухел отпуштен од Челзи


 Германскиот фудбалски стручњак, Томас Тухел доби отказ од Челзи. Лондонскиот клуб претпладнево преку својата веб-страница соопшти за прекинот на соработката со Тухел. – Во име на сите во ФК Челзи, сакаме да ја изразиме својата благодарност до Томас и неговиот персонал за сите нивни напори за време на нивниот престој во клубот. Томас со право […]

Го знаат рецептот: „Динамо“ за седум години ги победи сите од лондонската четворка


  Со сензационална победа (1:0) против Челзи во првото коло од групата на Лигата на шампионите, Динамо заокружи уште еден голем европски успех, поточно постигна рекорд. Со триумфот против Челзи во последните седум години во европските купови ги победи сите четири лондонски клуба: Арсенал (2:1) во групата на Лигата на шампионите 2015/16, Тотенхем (3:0) во […]

Кирјос го скрши рекетот по поразот од Хачанов во четвртфиналето на УС Опен


  Австралиецот Ник Кирјос, по поразот од Русинот Карен Хачанов во четвртфиналето на УС Опен, го скрши рекетот не можејќи да ги задржи емоциите. Дваесет и шестгодишниот Русин го совлада Кирјос со резултат 7:5, 4:6, 7:5, 6:7 (3:7) и 6:4. По натпреварот, Австралиецот го фрли рекетот на земја, поради што тој се свитка. Најказнуваниот тенисер […]

ЛШ: ПСЖ го победи Јувентус, а Милан само со реми сo Салцбург


Пари Сен-Жермен со 2:1 стигна до победа над Јувентус во првото големо дерби во новата сезона од Лигата на шампиони, во кое Реал Мадрид и Манчестер сити стигнаа до убедливи гостински победи, но Милан одигра само 1:1 на гости во Австрија. На „Паркот на принцовите“, првото полувреме помина во знакот на Килијан Мбапе, откако прво […]

Михајловиќ веќе не е тренер на Болоња


Српскиот фудбалски стратег Синиша Михајловиќ денеска е сменет од должноста тренер на италијанскиот прволигаш Болоња поради слаби резултати. Михајловиќ е првиот тренер кој е сменет во италијанската Серија А оваа сезона, откако Болоња во првите пет натпревари освои само три бодови. Како кандидати за негов наследник на клупата на Болоња се Роберто Де Зерби, Клаудио Раниери и […]