Mурињо: Среќен сум поради победата над ХЈК


Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е задоволен од изданието на неговиот тим на синоќешниот натпреварот од Лига Европа против ХЈК.

Римјаните победија со 2:1 и си ги зачуваа шансите за пласман во плејофот.

– Дали сум задоволен. Да. Пред натпреварот знаевме како заврши средбата Бетис – Лудогорец, па секој резултат го оставаше отворено прашањето за плејофот. Сакавме да победиме. Овој резултат добро ни дојде по поразот од Наполи во Серија А. Во соблекувалната зборувавме за нашите навивачи кои дојдоа од Рим. Исто така и нив им беше важно да победиме. Го направивме тоа и сега мора да се подготвуваме за следниот предизвик, изјави Мурињо.

Рома сега е на третото место во Ц-групта со седум бодови исто колку што има и Лудогорец. Бетис е убедливо прв со 13, ХЈК е последен со само еден бод.