Гави: Елиминацијата на Барселона од ЛШ е провалија за нас


Еден од најталентираните фудбалери на Барселона, 18-годишниот Гави, со пад во провалија го оцени испаѓањето на каталонскиот клуб од Лигата на шампионите.

Барселона синоќа загуби од Баерн со 3:0. 

– Баерн е многу силен физички, а кога дефанзивците оставаат простор зад себе, веднаш го искористуваат тоа. Неопходно е да се добиваат дуели еден на еден. Сепак овој пораз не треба да влијае негативно на нас. Знаевме дека речиси сме испаднати и дека само чудо требаше да се случи за да се пласираме во осминафиналето. Сега ќе ги вложиме сите сили за да ја освоиме Лигата на Европа, особено што не успеавме да го сториме тоа минатата сезона. Ние сме многу млади, има многу нови играчи и се уште не се познаваме доволно добро. За ова ќе биде потребно време. Сепак Барселона секогаш мора да ја помине групата, се друго е неуспех, изјави гави. 

Во Ц-групата од Лигата на шампионите, на едно коло до крајот Баерн е прв со 15 бода, Интер има 10, Барселона 4, Викторија Плзењ 0.