На 52 години почина братот на Марадона


Италија– Семејството Марадона остана без уште еден член, 52-годишниот Уго кој починал во својот дом во Неапол.

Поранешниот младински репрезентативец на Аргентина и воедно брат на легендарниот Диего Армандо доживеал срцев удар, информираат светските медиуми. Ова е нова трагедија во славното семејство со оглед на тоа што пред 13 месеци својот живот го загуби славниот Диего за кого многумина сметаат дека е најдобриот играч во историјата.
 

Кога е во прашање Уго и тој повеќе од една деценија играл фудбал на сениорски ниво, но неговиот квалитет, знаење бил далеку од оној на брат му, па неговиот фокус бил работа на проекти со млади таленти.