Русија ќе се кандидира за домаќин на ЛОИ 2036


 Русија сака да се натпреварува за домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ) 2036 и се подготвува да избере најсоодветен град за својата кандидатура.

– Мораме да се натпреваруваме за домаќини на Игрите 2036 и целата земја мора да именува достоен кандидат, изјави денеска во Москва, рускиот вицепремиер Дмитриј Чернишенко.

Изборниот процес ќе го води Рускиот олимписки комитет и Министерството за спорт, а меѓу потенцијалните кандидати се споменуваат Санкт Петерсбург и Казан.

Руските спортисти се под суспензија поради користење недозволени стимулативни средства и не можат да настапуваат на големите натпреварувања под своите национални обележја.

Таков ќе биде случајот со руските олимпијци и на претстојните Зимски олимписки игри што од 4 до 20 февруари ќе се одржат во Пекинг.