Клоп за поразот од Лестер: Тоа беше многу чуден натпревар


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по поразот од Лестер (0:1) во 20. коло од Премиер лигата, призна дека противникот го заслужил овој резултат.

Германецот се надева сека неговите избраници ќе извлечат поука од овој меч.

„Тоа беше дефинитивно заслужена победа за Лестер. Многу чуден натпревар. Не бевме доволно добри, иако имавме доволно шанси. Можеби недостасуваше малку среќа. Поразот е пораз. Мора да учиме од ваквите натпревари и ќе го направиме тоа. Првото нешто што треба да направите е никогаш повеќе да не го повторите овој натпревар. Го загубивме ритамот и не бевме доволно мирни да го вратиме. Ова е наша вина“, истакна Клоп за Би-би-си.

По 19 кола Ливерпул е втор на табелата во Премиер лигата со 41 освоен бод, шест помалку од лидерот Манчестер сити.

Лестер со 25 бода од 18 натпревари се наоѓа на 9. место.