Ѓоковиќ 353-та недела на врвот на АТП листата


Србија- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да го зголемува сопствениот рекорд по бројот на недели поминати на врвот на светскиот тенис, бидејќи денеска ја започна 353-та недела на врвот на АТП листата.

Ѓоковиќ на 8 март годинава го надмина Швајцарецот Роџер Федерер по бројот на недели поминати на врвот на АТП листата (310) и оттогаш го зголеми рекордот, а пред него е само Германката Штефи Граф, која потроши 377 недели на прво место.

Српскиот тенисер има 11.540 поени на првото место, 2.900 поени повеќе од второпласираниот Русин Данило Медведев, пренесува Бета.

Зад нив се Германецот Александар Зверев, Гркот Стефанос Циципас и Русинот Андреј Рубљев, а меѓу првите десет во светот се и Рафаел Надал, Матео Беретини, Каспер Руд, Хуберт Хуркач и Јаник Синер.