Марк Гасол стави крај на кариерата


Легендарниот шпански кошаркар Марк Гасол вечерва на прес – конференција во Барселона објави крај на својата две децении долга и успешна кариера. „Дојде време да се повлечам. Сакам да бидам подобар татко, подобар пријател. Кошарката честопати ве принудува да се изолирате и да не сте присутен колку што би требало да бидете“, рече 39-годишниот Марк …

Марк Гасол стави крај на кариерата Read More »

НБА го објави составот на „Ѕвезди во подем“ за Ол-стар викендот


НБА го објави списокот за натпреварот со „Ѕвездите во подем“. Дваесет и еден НБА играч, вклучувајќи ги дебитантите Виктор Вембањама и Чет Холмгрен, и седум играчи од „Г лигата“ се на списокот за Ол-стар викендот на 16 февруари во Индијанаполис. Дебитантите (11) и кошаркарите кои втора година се во лигата (10) ќе бидат поделени во …

НБА го објави составот на „Ѕвезди во подем“ за Ол-стар викендот Read More »

Халанд се враќа во тимот по двомесечна пауза


Најдобриот стрелец на Манчестер сити, Норвежанецот Ерлинг Халанд, по двомесечна пауза повторно ќе му биде на располагање на тренерот Пеп Гвардиола, кога неговата екипа утре ќе биде домаќин на Барнли во натпревар од 22. коло во Премиер лигата. „Сите момци се подготвени, посилни сме. Тој е важен играч за нас“, потврди денеска Гвардиола на официјалната …

Халанд се враќа во тимот по двомесечна пауза Read More »

Македонските фудбалери на 10 јуни против Чешка во Прага


Македонската фудбалска репрезентација на 10 јуни ќе одигра пријателски натпревар против Чешка во Прага, објави денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Дуелот против Чесите ќе уследи една недела по гостувањето на македонските фудбалери во Риека и пријателскиот натпревар на 3 јуни против Хрватска. -Мило ми е што постигнавме договор со чешкиот Фудбалски сојуз да одиграме …

Македонските фудбалери на 10 јуни против Чешка во Прага Read More »

Од 13 февруари се воведуваат реформи на стадионите во Грција


За две седмици, односно на 13 февруари натпреварите од првата фудбалска лига во Грција повторно ќе се играат со публика, по пауза од два месеци по воведените мерки од грчката Влада за справување со спортското насилство, а надлежниот министер за спорт ги соопшти реформите и точните термини кога ќе стапат во сила, јави дописничката на …

Од 13 февруари се воведуваат реформи на стадионите во Грција Read More »

Леброн доби удар в лице од Брукс, но кошаркарот на Хјустон помина без исклучување


Леброн Џејмс повторно е вмешан во расправија со Дилон Брукс. Во последната четвртина, играчот на Хјустон го удри во лице лидерот на Лејкерс по еден дуел во скок. Судиите по прегледувањето на видеоснимката, му доделија на Брукс неспортска грешка од прв степен, дозволувајќи му да избегне исклучување. Џејмс не го криеше незадоволството од оваа одлука. …

Леброн доби удар в лице од Брукс, но кошаркарот на Хјустон помина без исклучување Read More »

Валиева суспендирана, Русија без олимпиското злато во уметничко лизгање


Руската натпреварувачка во уметничко лизгање Камила Валиева доби четиригодишна суспензија поради допинг, објави денеска Спортскиот арбитражен суд, со што на Олимпискиот комитет на Русија му е одземен златниот медал во екипното натпреварување на Зимските олимписки игри 2022 во Пекинг. „Утврдено е дека Камила Валиева ги прекршила антидопинг правилата и е санкционирана со четиригодишна забрана за …

Валиева суспендирана, Русија без олимпиското злато во уметничко лизгање Read More »

Парискиот Мастерс се сели на нова локација


Престижниот тениски турнир во Париз од серијата Мастерс 1000 од идната година ќе се игра на нова локација, објави денеска Тениската федерација на Франција (ФФТ). По 38 години минати во Берси Арена, која во моментов има капацитет од 16.800 седишта, парискиот Мастерс од 2025 година ќе се игра во Ла Дефанс Арена која може да …

Парискиот Мастерс се сели на нова локација Read More »

Влезниците за фудбалски натпревари во Грција ќе се купуваат само преку мобилни телефони


Фудбалските навивачи во Грција во иднина ќе мораат да ја користат владината апликација за дигитална идентификација на своите мобилни телефони за да купат влезници за натпреварите. Станува збор за една од мерките за сузбивање на насилството во грчкиот спорт поради кое фудбалските клубови мораа да ги затворат своите стадиони за навивачите во период од два …

Влезниците за фудбалски натпревари во Грција ќе се купуваат само преку мобилни телефони Read More »

Рекет на Надал продаден за 118.000 долари


 Рекетот со кој играше Рафаел Надал во неговата победа во финалето на Ролан Гарос во 2007 година над Роџер Федерер е продаден за 118.026 долари на аукција денеска, со што доби статус на еден од најскапите тениски реквизити во историјата. Надал во финалето во Париз во 2007 го совлада Федерер со 6-3, 4-6, 6-3, 6-4, …

Рекет на Надал продаден за 118.000 долари Read More »

Буџетот за Олимпијадата во Париз ќе се зголеми поради глобалните конфликти


Директорот на организацискиот одбор за Олимпијадата во Париз, Тони Естанге, изјави дека буџетот за претстојните игри може да се зголеми за да се обезбеди безбедност на спортските делегации. – Нивото на закана редовно се ажурира, така што полицијата и безбедносните служби прават се за да ја гарантираат безбедноста на секој учесник на Олимпијадата и секој …

Буџетот за Олимпијадата во Париз ќе се зголеми поради глобалните конфликти Read More »

Серхио Рамос го престигна Меси по одиграни натпревари во Ла Лига


Натпреварот од 22. коло на шпанското првенство одигран вчера против Осасуна (1:1) беше 521. за фудбалерот на Севилја, Серхио Рамос во Примера. Триесет и седумгодишниот Шпанец се искачи на осмото место по бројот на одиграни натпревари во шпанското првенство, престигнувајќи го поранешниот напаѓач на Барселона, Лионел Меси (520). Рамос потекнува од фудбалската школа на Севилја. …

Серхио Рамос го престигна Меси по одиграни натпревари во Ла Лига Read More »

Јаник Синер испиша историја – во епски меч го освои Австралија опен


  Јаник Синер ја надмина негативата од два сета и го победи Русинот Данил Медведев со 3-6 3-6 6-4 6-4 6-3 во возбудливо финале од пет сета и ја освои титулата на Австралија опен во неделата, станувајќи првиот Италијанец кој освои грен слем од 1976 година. Извонредниот кам-бек на 22-годишниот играч го заврши специјалниот турнир …

Јаник Синер испиша историја – во епски меч го освои Австралија опен Read More »

„Макпетрол“ лани беше најуспешен клуб според Карате федерацијата на Македонија


Единаесет признанија доби клубот „Макпетрол“ на свеченоста „Најуспешни во карате спортот за 2023 година“ организирана од Карате федерацијата на Македонија (КФМ). За врвните резултати и за успешната работа, скопската екипа беше најдобра во генералниот пласман во највозрасните категории на сениори и сениорки, како и постари јуниори и постари јуниорки (У21).    На церемонијата што вчера …

„Макпетрол“ лани беше најуспешен клуб според Карате федерацијата на Македонија Read More »

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат


Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин, не гледа ништо спорно во најавениот пријателски натпревар меѓу Русија и Србија во контекст на меѓународните санкции под кои е рускиот фудбал. Чеферин во опширно интервју за лондонски Гардијан рече дека никој друг освен Англија не го проблематизира овој натпревар. „Тоа не е под наша јурисдикција. Србија …

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат Read More »

Арина Сабаленка ја разнесе Женг Чинвен за да ја одбрани титулата на Австралија опен


  Од моментот кога започна нејзината одбрана на титулата на Австралија опен пред две недели, Арина Сабаленка беше подготвена. Не само што нејзиното удирање беше крајно уништувачко, туку покажа значителна емоционална зрелост со отфрлање на притисокот од одбраната на нејзината прва грен слем титула по неверојатни 12 месеци, фокусирајќи се само на следниот поен. Цело …

Арина Сабаленка ја разнесе Женг Чинвен за да ја одбрани титулата на Австралија опен Read More »

Трамп е за никаде, „Брегзит“ е глупав, секогаш лево, никогаш десно: Политичката мудрост на Јирген Клоп


  Еден од најполитичките тренери во светскиот фудбал е на заминување. И тоа е тажна вест за политичките уредници насекаде. Јирген Клоп, кој е менаџер на Ливерпул од 2015 година, во петокот објави зачудувачка најава дека ќе се повлече на крајот на сезоната, велејќи дека „снема енергија“. Меѓу врвните модерни тактичари во играта, Клоп е …

Трамп е за никаде, „Брегзит“ е глупав, секогаш лево, никогаш десно: Политичката мудрост на Јирген Клоп Read More »

Денеска се играат полуфиналните дуели на ракометното евро: Има само еден јасен фаворит за влез во финалето


Денеска се играат полуфиналните дуели на Европското првенство во ракомет во кое се среќаваат Германија и Данска и Франција и Шведска. Први на терен од 17.45 часот во „Ланксес арената“ во Келн ќе бидат непоразените Французи и Швеѓаните, кои двапати беа поразени во изминатите седум средби. Французите ја имаат улогата на фаворити против бранителот на …

Денеска се играат полуфиналните дуели на ракометното евро: Има само еден јасен фаворит за влез во финалето Read More »

Ѓоковиќ остана без финале, Јаник Синер одигра неверојатен меч во Мелбурн


Јаник Синер ќе се бори за својата прва гренд слем титула откако го победи актулениот шампион Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија. Италијанецот славеше со 6:1, 6:2, 6:7, 6:3, нанесувајќи му го првиот пораз на Ѓоковиќ во Мелбурн од 2018 година. Светскиот рекет број еден има освоено рекордни десет титули на овој …

Ѓоковиќ остана без финале, Јаник Синер одигра неверојатен меч во Мелбурн Read More »

Сабаленка прва финалистка на Австралија опен, Коко Гоф беше немоќна


Мелбурн – Белоруската тенисерка Арина Сабаленка претпладнево ја победи Американката Коко Гоф во два сета во полуфиналниот меч на Австралија опен. Во меч што траеше еден час и 44 минути, Сабаленка славеше победа со 2:0, по сетови 7:6 (7:2) и 6:4. Белорусинката е актуелен победник на Грен слемот во Мелбурн. Во финалето Сабаленка ќе игра …

Сабаленка прва финалистка на Австралија опен, Коко Гоф беше немоќна Read More »