Денеска се играат полуфиналните дуели на ракометното евро: Има само еден јасен фаворит за влез во финалето


Денеска се играат полуфиналните дуели на Европското првенство во ракомет во кое се среќаваат Германија и Данска и Франција и Шведска.

Први на терен од 17.45 часот во „Ланксес арената“ во Келн ќе бидат непоразените Французи и Швеѓаните, кои двапати беа поразени во изминатите седум средби.

Французите ја имаат улогата на фаворити против бранителот на титулата, а нема дилема дека нѐ очекува спектакуларен дуел.

Во второто полуфинале од 20 часот и 30 минути се среќаваат актуелните светски шампиони Данците и домаќините на турнирот Германците. Данците ја имаат улогата на апсолутни фаворити, а ќе видиме колку домашниот терен, од искуство низ историјата – зошто да не и судиите, ќе може да ѝ помогне на Германија на вечерашниот дуел.

Пред полуфиналните дуели од 15.00 часот ќе се игра меч за петтото место во кој ќе се сретнат Унгарците и Словенците.