Меси не ја исклучува можноста за учество на СП во 2026 година


Ѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси не ја отфрли можноста да игра на Светското првенство 2026 година во Северна Америка. -Го сакам фудбалот. Неодамна бев на преполн стадион каде што го скандираа моето име и имињата на моите соиграчи. Поминав низ доста тешки моменти со репрезентацијата и благодарен сум за тоа што се случува сега. […]

Синер се справи со Ѓоковиќ и ќе игра со Алкараз во финалето во Саудиска Арабија


Ријад – Јаник Синер и Карлос Алкараз ќе се сретнат во финалето на егзибициониот тениски турнир „Сикс Кингс Слем“ во Саудиска Арабија. Светскиот рекет број 1 го победи Новак Ѓоковиќ во маратонска битка со 6-2, 6-7 (0), 6-4, додека Шпанецот со 6-3, 6-3 го совлада својот идол и сонародник Рафаел Надал. Денеска е ден за одмор, […]

Мбапе обвинет за силување во Стокхолм, но која е вистината?


Познати се деталите за тоа што му се случи на Килијан Мбапе во Стокхолм. Претходно се дозна дека е покрената полициска истрага за жалба за силување во хотел во центарот на Стокхолм, каде напаѓачот на Реал Мадрид и неговите пријатели ја поминале ноќта за време на патувањето во Шведска. Мбапе ја нарече оваа информација „лажна“. […]

Стефан Стојановиќ пречекан со сите почести во карате клубот „Макпетрол“


На неодамнешното Светско карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, Стефан Стојановиќ (+84 кг), освои бронзен медал. За него синоќа беше организиран специјален пречек со сите почести во матичниот клуб „Макпетрол“. На собирот присуствуваа сите другари од клубот предводени од стратегот на „Макпетрол“, Бошко Заборски кој не го криеше задоволството од успехот […]

Алкалоид со високи амбиции влегува во борба за европскиот трон


Најуспешниот македонски шаховски клуб Алкалоид е подготвен да ги одмери силите на годинешниот Европски клупски куп со други ривали за нова европска шампионска титула. – Откако оваа година беше завршена „домашната задача“ со освоената на државното екипно првенство последователна 12-та шампионска титула (по 26-ти пат во последни 32 години), фокусот на клубот е свртен кон […]

Договорот на Тухел со репрезентацијата на Англија ќе биде со важност до 2026 година


Познати условите од договорот на Томас Тухел со репрезентацијата на Англија. Според новинарот Фабрицио Романо, 51-годишниот Германец ќе склучи договор до крајот на јули 2026 година. Се очекува Англиската фудбалска асоцијација (ФА) да го објави назначувањето оваа недела. Последната работа на Тухел беше Баерн Минхен, кој го водеше од март 2023 до јуни 2024 година. […]

Билетите за прошталниот натпревар на Надал чинат 141.000 евра: против кого ќе игра?


Минатата недела еден од најдобрите тенисери на сите времиња Рафаел Надал најави повлекување, а останува само да се појави на теренот на Дејвис купот, кои се мечеви кои ќе привлечат поголемо внимание од било кога. По тешката битка со повредите, Надал реши да стави крај на агонијата и да ја заврши својата блескава кариера на […]

Даниел трет од семејството Малдини со настап за Италија


Напаѓачот на Монца, Даниел Малдини, дебитираше за италијанската фудбалска репрезентација на синоќешниот натпревар од Лигата на нации против Израел (4:1). Фудбалерот влезе како замена во 74. минута од натпреварот наместо Џакомо Распадори. Даниел е третиот фудбалер од семејството Малдини кој настапува за репрезентацијата на Италија. Неговиот дедо Чезаре одигра 14 натпревари за националниот тим помеѓу […]

Ѓоковиќ и натаму е четврти тенисер во светот, Синер прв


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа четвртото место на најновата АТП листа, која беше објавена денеска, додека прв и натаму е Италијанецот Јаник Синер. Синер го совлада Ѓоковиќ со 7:6 (7:4), 6:3 во финалето на Мастерсот во Шангај во неделата. Италијанецот е на првото место на најновата АТП листа со 11.920 бодови. Втор е Шпанецот […]

Бронза за Стојановиќ од „Макпетрол“ на Светскиот младински карате-шампионат


Стефан Стојановиќ, член на карате клубот „Макпетрол“, се закити со бронзен медал на Светското првенство за младинци во Венеција. Одличјето освоено на турнирот во италијанскиот град е втор медал од младинските мундијали за македонскиот каратист.Тој пред две години беше второпласиран, односно освои сребро, на првенството одржано во Коња, Турција.   Во борбата за бронзен медал […]

Синер го победи Ѓоковиќ и го освои Мастерсот во Шангај


Шангај – Италијанскиот тенисер Јаник Синер триумфираше на мастерс турнирот од серијата 1000 во Шангај, откако денеска во финалето го совлада Србинот Новак Ѓоковиќ со 7:6, 6:3. Прворангираниот тенисер во светот до победата дојде по еден час и 36 минути, во дуел во кој немаше ниту една брејк-топка. Во првиот сет тенисерите беа сигурни во […]

Скопје во декември домаќин на Европското првенство во брз и блиц шах


 Скопје од 6 до 11 декември ќе биде домаќин на Европскиот шампионат во брз и блиц шах, објави Европската шаховска федерација. Европското првенство во брз шах ќе биде прво на распоредот и ќе се одржи на 7 и 8 декември, по што на програмата следуваат Европскиот блиц шаховски шампионат, на 9 декември и следниот ден […]

Синер и Ѓоковиќ во финалето на мастерсот во Шангај


Италијанскиот тенисер Јаник Синер и Србинот Новак Ѓоковиќ ќе играат во утрешното машко финале на Мастерс турнирот во кинескиот град Шангај. Прворангираниот тенисер на АТП листата Синер во денешното полуфинале го совлада Чехот Томаш Махач (33. АТП) со 2-0 во сетови (6-4, 7-5), за еден час и 44 минути игра. Во второто полуфинале, четврторангираниот на […]

Розберг го спореди Астон Мартин со ѕвездената постава на ПСЖ


Светскиот шампион во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг, предупреди дека постои опасност Астон Мартин да стане еквивалент на ПСЖ на светскиот шампионат – да собере многу ѕвезди и да не постигне успех.  Со парите на сопственикот Лоренс Строл, Астон Мартин ги привлече некои од најпознатите имиња во Формула 1 – Себастијан Фетел, потоа […]

ФК Вардар го претстави новиот сопственик


Фудбалскиот клуб Вардар денеска преку соопштение потврди дека има нов сопственик, откако унгарскиот бизнисмен Атила Бижен Жалили купил 85 отсто од акциите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Во соопштение споделено преку фудбалскиот клуб, сопственикот се обрати до фановите, потврдувајќи го преземањето на клубот. „Задоволство ми е да ја информирам македонската јавност дека од 7 октомври […]

Тојота се враќа во Формула 1 во партнерство со Хаас


Формула 1 тимот Хаас и Тојота во петокот објавија долгорочно партнерство кое ќе го врати најголемиот јапонски производител на автомобили во Формула 1 за прв пат од 2009 година, објавија американските медиуми. Сепак, Хаас ќе продолжи да ги користи моторите на Ферари откако тимот во јули се согласи да го продолжи договорот до 2028 година. […]

Лига на нации: Македонија убедлива на гостувањето кај Летонија


 Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада екипата на Летонија на гостувањето со 3:0 (1:0) во дуел од третото коло од Лигата на нациите. „Жолто-црвените“ остануваат на првата позиција во својата група по оваа победа. Головите за нашата репрезентација ги постигнаа Атанасов во 35. минута, а резервистот Ќамили во 70. минута го удвои водството. Победата ја […]

Рафаел Надал објави крај на својата тениска кариера


Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал и официјално објави крај на својата богата и успешна кариера. Надал преку видео порака најави дека по Дејвис купот и настапот за Шпанија и официјално ќе се збогува од тенисот. За нешто повеќе од еден месец 38-годишниот Шпанец и официјално заминува во пензија, по финалето на Дејвис купот со Шпанија […]

Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Светското карате првенство во Венеција


Членот на карате клубот „Макпетрол“, Стефан Стојановиќ, ќе се бори за освојување на третото место на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција. На силниот шампионат во италијанскиот град, претставникот на скопската екипа учествува во категоријата над 84 килограми во У-21. Стојановиќ не беше поразен во полуфиналето од Италијанецот Матео Аванзини. Борбата […]

Грчки фудбалски репрезентативец пронајден мртов во домашен базен


Атина – Дефанзивецот на Панатинаикос Џорџ Балдок е пронајден мртов во базенот во својот дом, објавија грчките медиуми. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за смртта на 31-годишниот Грк. Фудбалерот не одговарал на повиците на неговата сопруга, по што таа го повикала сопственикот на вилата во која живеел Балдок за да дознае што се случило. Го […]