Адеми се откажа од настапи за македонската фудбалска репрезентација


Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски следната седмица ќе го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22.03) и Црна Гора (25.03) во турска Анталија.  Во видео изјава, предводникот на нашиот најдобар национален тим зборуваше за мартовските контролни мечеви и очекувањата од двете пресметки, потоа ситуацијата со клупските настапи на фудбалерите …

Адеми се откажа од настапи за македонската фудбалска репрезентација Read More »

Лига Европа: Ливерпул и Рома пред четвртфинале


Рим – Фудбалерите на Рома и Ливерпул забележаа синоќа високи победи во воведните осминафинални дуели во Лига Европа и се пред пласман меѓу осумте најдобри екипи во второто по ранг европско клупско натпреварување. Рома на домашен терен го совлада Брајтон со 4-0, со головите на Дибала (13), Лукаку (43), Манчини (64) и Кристанте (68). Ливерпул …

Лига Европа: Ливерпул и Рома пред четвртфинале Read More »

Русија го прогласи Каспаров за терорист


Москва – Руските власти го додадоа името на поранешниот повеќекратен светски шаховски првак и политички активист Гари Каспаров на списокот „терористи и екстремисти“. Каспаров е долгогодишен противник на рускиот претседател Владимир Путин, а последните десет години живее во САД. Каспаров ја напушти Русија во страв дека може да се соочи со судски процес во 2013 година …

Русија го прогласи Каспаров за терорист Read More »

Манчестер сити и Реал Мадрид четвртфиналисти во ЛШ


Манчестер, Мадрид – Манчестер сити и мадридски Реал очекувано вечерва обезбедија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ). Актуелниот европски првак Манчестер сити и на реваншот на „Етихад“ го совлада Копенхаген со идентични 3-1 како и на првиот натпревар и со вкупен резултат 6-2 го елиминираше данскиот претставник. Реал на дуелот во Мадрид одигра нерешено …

Манчестер сити и Реал Мадрид четвртфиналисти во ЛШ Read More »

Почина Мирко Петровски, бодибилдер и фитнес тренер на познатите


Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски. Имаше 47 години. Веста на социјалните мрежи ја сподели музичарот Панчо. – Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, …

Почина Мирко Петровски, бодибилдер и фитнес тренер на познатите Read More »

На Анчелоти му се заканува пет години затвор поради прикривање приходи


Мадрид – Шпанското обвинителство побара речиси пет години затвор за тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти за затајување данок, пишува „Relevo“. Италијанецот не платил еден милион евра во периодот од 2014 до 2015 година.  Државните власти побараа 4 години и 9 месеци затвор за 64-годишниот фудбалски стручњак. Анчелоти првпат го презеде Реал Мадрид во 2013 година …

На Анчелоти му се заканува пет години затвор поради прикривање приходи Read More »

ПСЖ и Баерн се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите


Минхен -Килијан Мбапе одигра уште еден феноменален натпревар со тимот на ПСЖ и го однесе францускиот гигант во четвртфиналето од Лигата на шампионите.  Дваесет и пет-годишната француска суперѕвезда, која се очекува да му се приклучи на Реал Мадрид од лето, донесе победа со 2:1 во реваншот против Реал Сосиедад во Сан Себастијан.  Така парижаните го продолжуваат …

ПСЖ и Баерн се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите Read More »

Лазаров го објави списокот за дуелите со Романија


Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за собир во рамки на претстојната ЕХФ машка недела (11.03 – 17.03) и подготвителни натпревари со репрезентацијата на Романија. Собирот е закажан на 11.март, понеделник со почеток во 16.00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје. Повикани ракометари: Голмани 1. МАРТИН ТОМОВСКИ …

Лазаров го објави списокот за дуелите со Романија Read More »

Нов скандал во Формула 1 – претседателот на ФИА под истрага за манипулација со резултати


Нов скандал го тресе светот на Формула 1. Овој пат во центарот на скандалот е претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Мохамед бин Сулејем, против кого се води истрага за манипулации со резултати во сезоната 2023, информираат светските медиуми. Според „Би-Би-Си Спорт“, повикувајќи се на анонимен извор од ФИА, Бин Сулејем имал директно влијание врз …

Нов скандал во Формула 1 – претседателот на ФИА под истрага за манипулација со резултати Read More »

Де Лихт: Фудбалерите мора да преземат одговорност за заминувањето на Тухел


 Централниот дефанзивец на Баерн Минхен, Матијс де Лихт изјави дека играчите на клубот мора да преземат одговорност за заминувањето на тренерот Томас Тухел на крајот од сезоната. Минатиот месец Баварците објавија дека ќе се разделат со 50-годишниот главен тренер на крајот од кампањата. Тухел му се приклучи на тимот во март минатата година со договор …

Де Лихт: Фудбалерите мора да преземат одговорност за заминувањето на Тухел Read More »

Лигата на шампионите од 2024/2025 ќе се игра во нов формат


Европската фудбалска унија (УЕФА) ја потврди промената во форматот на своите клупски натпреварувања: Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига од сезоната 2024/2025.   Групната фаза од сите три натпреварувања ќе има по 36 учесници, а новиот формат ќе донесе уште 100 натпревари само во елитниот ранг. Според новиот формат, секоја екипа ќе одигра …

Лигата на шампионите од 2024/2025 ќе се игра во нов формат Read More »

Сити го совлада Јунајтед во „дербито на Манчестер“


Манчестер сити со пресврт го совлада Манчестер јунајтед 3-1 (0-1) во градското дерби попладнево во рамки на 27 коло во Премиер лигата. Трите бодови со кои Сити го задржа чекорот со лидерот Ливерпул пред меѓусебната пресметка во следното коло на домашниот тим му ги донесе двојниот стрелец Фил Фоден. Јунајтед поведе со голот на Маркус …

Сити го совлада Јунајтед во „дербито на Манчестер“ Read More »

Меси побрз од Роналдо до бројката од прволигашки 500 голови


Фудбалерите на Интер Мајами го совладаа Орландо (5-0) во рамки на 2. коло во американската МЛС лига во натпревар во кој Лионел Меси придонесе со два гола и влезе во фудбалската историја. Аргентинскиот фудбалер сега дојде до бројката од 500 прволигашки голови кои ги постигна на 587 натпревари, истиснувајќи од првото место на оваа листа …

Меси побрз од Роналдо до бројката од прволигашки 500 голови Read More »

(Видео) Реал гневен за „безобразен грабеж“: Судијата им поништи гол и му покажа црвен картон на Белингам


Валенсија и Реал Мадрид одиграа 2:2 во рамките на шпанската Ла Лига, а по натпреварот насловите на шпанските медиуми беа преполни за неверојатниот потег на судијата Хесус Гил Манзано, кој ги разбесни мадриѓаните. Во судиското надополнување кое првично требаше да трае седум минути, но беше продолжено поради повреда на домашен играч, Реал дури постигна гол …

(Видео) Реал гневен за „безобразен грабеж“: Судијата им поништи гол и му покажа црвен картон на Белингам Read More »

Леброн Џејмс стана првиот играч со 40.000 поени во НБА


Денвер Нагетс го победи Лос Анџелес Лејкерс со 124:114 во натпревар во кој Леброн Џејмс стана првиот кошаркар во историјата на НБА со 40.000 поени во кариерата. Кралот Џејмс натпреварот го заврши со 26 поени, девет асистенции и четири скока и беше најефикасен во тимот, но ниту тоа не му помогна да ги совлада одличните …

Леброн Џејмс стана првиот играч со 40.000 поени во НБА Read More »

Холанѓанката Бол го подобри сопствениот светски рекорд на 400 метри во сала


 Холанѓанката Фемке Бол го подобри сопствениот светски рекорд на 400 метри во сала, истрчувајќи ја патеката синоќа на Светското првенство во сала во Глазгов во време од 49 секунди и 17 стотинки. За Бол ова е прв златен медал на СП во сала, триумфирајќи пред сонародничката и блиска пријателка Лиеке Клавер (50.16) и Американката Алексис …

Холанѓанката Бол го подобри сопствениот светски рекорд на 400 метри во сала Read More »

Скандал во Дубаи – Рубљов дисквалификуван поради навреда на судијата, отпадна и Медведев


Рускиот тенисер Андреј Рубљ0в беше дисквалификуван на мечот со Александар Бублик, поради тоа што му се развика на линискиот судија, откако го загуби гемот во решавачкиот трет сет со резултат 6:7, 7:6, 6:5 за Казахстанецот. Имено, пред решавачката размена во која го загуби натпреварот, топката на Александар Бублик го напушти теренот пред линиските, кои не …

Скандал во Дубаи – Рубљов дисквалификуван поради навреда на судијата, отпадна и Медведев Read More »

Верстапен покажа кој е шампион и ги освои квалификациите во Бахреин


Макс Верстапен ги потсети сите дека е светски шампион во Формула 1 со победата на првата квалификациска сесија за сезоната 2024, давајќи му право да стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Бахреин. Трикратниот светски шампион го обезбеди првото место на гридот со време од 1:29.179, со што го победи Шарл Леклер …

Верстапен покажа кој е шампион и ги освои квалификациите во Бахреин Read More »

ФФМ го предаде во употреба новиот хибриден терен на Арената „Тодор Проески“


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ги заврши активностите за поставување и одржување на новата тревна подлога на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и објектот со новиот хибриден терен денеска го предаде на употреба на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП). Како што е соопштено попладнево, ФФМ целосно …

ФФМ го предаде во употреба новиот хибриден терен на Арената „Тодор Проески“ Read More »

Дешамп: Не верувам дека Погба намерно се допингувал


Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешамп изјави денеска оти не верува дека Пол Погба намерно се допингувал. „Во ниту еден момент не можам да замислам дека Пол имал намера и желба да се допингува. Добро го познавам, знам дека тоа воопшто не е во неговиот ментален склоп. Е сега, тука се фактите и тоа …

Дешамп: Не верувам дека Погба намерно се допингувал Read More »