Лигата на шампионите од 2024/2025 ќе се игра во нов формат


Европската фудбалска унија (УЕФА) ја потврди промената во форматот на своите клупски натпреварувања: Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига од сезоната 2024/2025.

 

Групната фаза од сите три натпреварувања ќе има по 36 учесници, а новиот формат ќе донесе уште 100 натпревари само во елитниот ранг.

Според новиот формат, секоја екипа ќе одигра по осум натпревари (Лига на шампионите и Лига Европа) односно шест во Конференциската лига. Ќе се игра по систем дома-гости.

Екипите ќе бидат поделени во четири шешири и потоа ќе бидат одредени противниците на секој тим.

Екипите кои ќе завршат на места од првото до осмото одат директно во осминафиналето, а тимовите пласирани од 9 до 24 место на табелата и ќе играат бараж за да се изборат за пласман во осминафиналето.

Клубовите кои ќе завршат од 25. до 36.местоод 25. место ќе бидат елиминирани од сите натпреварувања за таа сезона.

УЕФА објави дека во нокаут фазата нема да има промени, ќе се играат два натпревари (дома-гости) до финалето, каде ќе се игра само еден меч на неутрален терен.