Скандал во Дубаи – Рубљов дисквалификуван поради навреда на судијата, отпадна и Медведев


Рускиот тенисер Андреј Рубљ0в беше дисквалификуван на мечот со Александар Бублик, поради тоа што му се развика на линискиот судија, откако го загуби гемот во решавачкиот трет сет со резултат 6:7, 7:6, 6:5 за Казахстанецот.

Имено, пред решавачката размена во која го загуби натпреварот, топката на Александар Бублик го напушти теренот пред линиските, кои не ја прекинаа играта, за во продолжението на акцијата, Рубљов, малку декоцентриран, направи грешка и ја испрати топката во аут. Така Бублик го доби гемот и влезе во ситуација да сервира за финале.

Рубљов практично дотрча до судијата и почна да го пцуе на руски, што го разбрал судијата, кој потоа се пожалил на главниот судија и организаторите. А, епилогот беше дисквалификација. Рубљов се бранеше и рече дека зборувал на англиски и не навредувал никого, но тоа не му помогна.

И покрај поддршката на Бублик, главниот судија не ја промени својата одлука, па носителот на четири АТП титули го заврши своето учество во Дубаи без пари и веќе освоени бодови, што практично значи дека од следната недела ќе испадне од Топ 5 листата.

Бублик на тој начин се пласираше во финалето на турнирот од серијата 500, кој се игра за награден фонд од 3 милиони долари, каде ќе го чека Уго Умбер, кој го победи Данил Медведев. 

 

И вториот Русин без финале: Изненадување во Дубаи, Медведев нема да ја брани титулата

 

Лошиот ден  за руските тенисери во Дубаи продолжи и кога Иго Амбер го исфрли Данил Медведев во полуфиналето на турнирот од серијата 500. На Амбер му беа потребни нешто помалку од два часа да го запре бранителот на титулата на овој турнир.

Тој победи во два сета со 7:5, 6:3 и ќе се бори за шестата титула во кариерата. Медведев успеа само еднаш да му одземе сервис, додека Французинот тоа го направи три пати. Свои можности имаше и Русинот во првиот сет, но трипати ги промаши. 

Амбер ќе игра за титулата против Александар Бублик, кој се пласираше во финалето кога Андреј Рубљов беше дисквалификуван.