Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска


 Со 19 гласови „за“, 63 „против“ и ниту еден воздржан, пратениците денеска не ја изгласаа интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, поднесена од Левица. Во расправата за интерпелацијата за министерката Божиновска, пратениците од опозицијата ја обвинија за недоволни резултати во енергетиката и рударството, за неправилности во извршувањето на […]

Вучиќ беше ментор на Мицкоски. Ќе падне и тој, вели Филипче


  По честитката до Студентската листа за победата на изборите претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција изјави дека „криминалниот октопод на Балканот се урива по падот на Александар Вучиќ и дека ќе следат разврски на сите криминални спреги со Христијан Мицкоски“. Тој додаде дека Вучиќ беше ментор и командант на Мицкоски, а неговиот […]

Економистот Дејан Шошкиќ можен кандидат за нов премиер на Србија


  Пред четиринаесет години тој ја напушти функцијата гувернер на Народната банка на Србија откако на власт дојде Српската напредна партија Александар Вучиќ. Денес, тој би можел да се врати со тресок, пишува „Слободна Далмација“. И како нов премиер на Србија. Ова е 59-годишниот Дејан Шошкиќ, економист и универзитетски професор кој се споменува како можен […]

Кои се луѓето што го победија Вучиќ?


  Александар Вучиќ ги загуби изборите од политичко движење кое пред две години дури и не постоеше. Студентската листа, која произлезе од протестите по трагедијата во Нови Сад, освои апсолутно мнозинство во српскиот парламент, со што стави крај на 14-годишното владеење на Српската напредна партија. Но, кои се луѓето што го победија Вучиќ? За разлика […]

Муцунски ѝ честиташе на Студентската листа за победата


Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски им честиташе на граѓаните на соседна Србија за успешните парламентарни избори, а на Студентската листа им посака успех за постигнатиот резултат. Во објавата на „Х“, Муцунски наведе дека Македонија останува посветена на натамошното продлабочување на пријателството и добрососедските односи со Србија. „Искрени честитки до граѓаните на Србија за успешно спроведените […]

Филипче: Честитки до граѓаните на Србија за големата победа


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите, се наведува во партиското соопштение.  „Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа! Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен, посочува Филипче. Тој oчекува Србија и […]

Потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, во посета на Собранието


Потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, денеска ќе престојува во посета на македонското Собрание. Како што соопшти собраниската прес-служба, Холовња ќе оствари средба со потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, по што двајцата ќе дадат изјави за медиумите. Потпретседателот на полскиот Сејм, заедно со полската делегација, исто така ќе оствари и средба со пратеничката група на […]

Интерпелацијата на министерката за енергетика Божиновска пред пратениците


На 128. собраниска седница денеска пред пратениците ќе биде интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, поднесена од пратениците на Левица. Според нив, зад интерпелацијата стојат задолжувањата на државниот енергетски систем, неиспорачаните резултати во изминатиот период, особено во делот на енергетиката.  На дневен ред седницата има 13 точки, меѓу […]

Вучиќ призна пораз: „Овие избори ги изгубивме“


  Носителот на изборната листа „Обединета Србија“ – Александар Вучиќ вечерва во 21,30 часот се појави во седиштето на Српската напредна партија и призна дека ги изгубил изборите. Тоа е првиот пораз на Вучиќ на сите избори од 2012 година досега. Ова е тектонска промена во Србија, која ќе има реперкусии и во целиот регион. […]

Излезноста во Србија постојано расте, исто така и напнатоста


  Судејќи според она што се случува во Белград, меѓу силите што се противат на Александар Вучиќ веќе завладеа еуфорија на триумф – се очекува тие да почнат да слават на улиците штом ќе се затворат избирачките места. Дали тоа може да биде прерано славје ќе се знае кога ќе почнат да се објавуваат резултатите. […]

СДСМ: Осудениот за петте тона кокаин со Мицкоски во Брвеница


  СДСМ објави дека осудениот за запленетите пет тони кокаин , С.З. познат како Симе  – не е во затвор, туку на терен со премиерот Христијан Мицкоски.    -Еве го повторно со Мицкоски. Нова слика од вчера, додека Мицкоски дава изјава. Работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница. СДСМ објави цел албум фотографии со арамијата Мицкоски. Со […]

Предизборен молк: заштита на гласачот или формалност од друга ера?


Во Србија и Бугарија денеска улиците се тивки, говорниците празни, митинзите завршени. Утре Србија гласа на предвремени парламентарни избори, свикани од претседателот Александар Вучиќ по речиси две години антивладини протести, а Бугарија избира претседател, со можен втор круг на 1 ноември. И во двете земји законот бара од политичарите денеска да замолчат, а од гласачите […]

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година во Будимпешта. Во рамките на меѓународната програма, таа ја проследи свечената седница на Националното собрание на Унгарија, на којашто се обратија неговата претседателка, Агнеш Форстхофер, унгарскиот претседател Андреш Бака, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, […]

Сиљановска на работен ручек со унгарскиот претседател и други лидери на држави


  По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција во 1956 година, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Будимпешта присуствуваше на работниот ручек, којшто за неколкумина шефови на делегации го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака. Таа му упати честитки по повод неговиот избор за претседател во август, годинава и изрази подготвеност за продлабочување на македонско-унгарските односи […]

СДСМ: Ни коските на Мицкоски ни ништо. Кос не ја ни споменува Македонија


  Опозицискиот СДСМ реагираше на излагањето на премиерот Христијан Мицкоски по повод 23 Октомври и нагласи дека заштитата на идентитетот не се мери со говор, туку дали земјата напредува или не. „Оваа иста недела еврокомесарката за проширување Марта Кос зборуваше за европската иднина на Балканот. Црна Гора ја позиционира пред завршната фаза. Албанија ја повика да […]

Кос по средбата со Сали: Вистински момент е Македонија да продолжи кон ЕУ


Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали. На средбата беа разгледани Планот за раст и евроинтегративниот процес на земјава, при што Кос […]

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца


Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото, туку со обезбедување иднина која им припаѓа на нашите деца. Да учиме од грешките од минатото. И затоа седнавме на маса за дијалог, од која тие долго бегаа и велеа дека тоа е невозможно. Не велам дека тоа е само […]

ВМРО-ДПМНЕ за 23 Октомври: Да ја градиме државата со чесност, знаење, труд и одговорност


ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, порачувајќи дека македонската државност претставува наследство од минатите генерации, но и обврска за создавање подобра иднина, особено за младите. „23 Октомври нè потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија“, се наведува во партиската честитка. […]

Филипче: Долгот ќе стигне до 12 милијарди евра, државата не ќе може да плаќа ни камати


Венко Филипче, во интервју на Алсат ТВ, укажа дека владата на Мицкоски ја задолжува државата со милијарди евра нови долгови, а граѓаните не гледаат подобар животен стандард ниту придобивки од задолжувањата. Филипче предупреди дека со новото задолжување вкупниот долг на државата ќе достигне 12 милијарди евра, а товарот ќе го плаќаат идните генерации. „Сега ќе […]

Претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври: Почит на генерациите кои ги поставиле темелите на македонската држава


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба порачува дека не може да се говори за ослободувањето на татковината и за државноста без да се оддаде почит на генерациите кои ги поставиле темелите на македонската држава. Во честитката, Сиљановска-Давкова истакнува дека партизаните и нивните потомци со право се […]