Сиљановска на работен ручек со унгарскиот претседател и други лидери на држави


 

По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција во 1956 година, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Будимпешта присуствуваше на работниот ручек, којшто за неколкумина шефови на делегации го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака.

Таа му упати честитки по повод неговиот избор за претседател во август, годинава и изрази подготвеност за продлабочување на македонско-унгарските односи преку политички дијалог, размена на посети и унапредување на економската соработка.

Сиљановска-Давкова се заблагодари за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“. Таа укажа на неопходноста од кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги врзани за Копенхашките критериуми, соопштуваат од нејзиниот кабинет.