Венко Филипче, во интервју на Алсат ТВ, укажа дека владата на Мицкоски ја задолжува државата со милијарди евра нови долгови, а граѓаните не гледаат подобар животен стандард ниту придобивки од задолжувањата. Филипче предупреди дека со новото задолжување вкупниот долг на државата ќе достигне 12 милијарди евра, а товарот ќе го плаќаат идните генерации.
„Сега ќе се задолжат уште 1,3 милијарди евра, ќе порасне вкупниот долг од 8 на 12 милијарди евра, 4 милијарди евра, 50% повеќе за нецели 3 години”, рече Филипче. Тој додаде дека последиците од ваквата погубна политика на власта ги трпат идните генерации кои допрва треба да ја градат својата иднина во државата.
„Тоа ќе го враќаат следните генерации, ќе дојде време кога државата нема да може ни каматите да ги врати”, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ посочи дека целокупната економска политика на Мицкоски е катастрофална и државата ја носи во бездна.
„Катастрофална е состојбата и за некои категории на граѓани и неиздржлива. Економијата, Христијан Мицкоски и оваа влада ја водат во бездна. Околу 1 милијарда евра недостасуваат во буџетот, околу 1 милијарда евра недостасуваат во Фондот за пензиско осигурување.Зошто втор ребаланс? Ниту една држава не прави втор ребаланс. Знаете зошто е вториот ребаланс? Да се пополнат дупките, да може да се исплатат мизерно ниските плати, затоа што нема пари за нив”, рече Филипче.
Филипче посочи дека граѓаните немаат никаков бенефит од скапите задолжувања на власта и најдобро гледаат и чувствуваат на своја кожа колку лошо живеат – со високи цени, ниски плати и неможност да им обезбедат пристоен живот на своите семејства.
„Тие гледаат како се работи економијата и како функционира државата, најдобро по нивните фрижидери и што можат да им обезбедат на децата.Не можат месецот да го поминат. Празни се паричниците, празни се фрижидерите. Луѓето гладуваат. Не може да не им се излезе во пресрет вака како што владее Христијан Мицкоски, ниту знае економски да ја менаџира државата, ниту има чувство како се менаџира мултиетничка држава, тој е заинтересиран само за неговите интереси”, рече Филипче.
Според него со Мицкоски како премиере државата ќе остане без нација бидејќи Македонија се соочува со сериозни економски проблеми, ниски плати и сè поголем број граѓани кои бараат подобра иднина надвор од државата.
„Катастрофална е состојбата и за некои категории на граѓани е неиздржлива. Економијата, Христијан Мицкоски и оваа влада ја водат во бездна. Огромен број бараат работа во Европа и бараат да извадат од економски причини, бугарски пасоши. Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација, тоа ќе се случи. Кој може да живее со ваква минимална плата“, рече Филипче.
Тој додаде дека последиците од лошите економски политики на власта најдобро на свој грб ги чувствуваат граѓаните во секојдневниот живот, кои сè потешко ги покриваат основните потреби.
„Не можат да врзат крај со крај, граѓаните не можат да живеат од лошите економски политики на Христијан Мицкоски. Не можат месецот да го поминат. Празни се паричниците, празни се фрижидерите. Луѓето гладуваат. Не може да не им се излезе во пресрет вака како што владее Христијан Мицкоски, ниту знае економски да ја менаџира државата, ниту има чувство како се менаџира мултиетничка држава, тој е заинтересиран само за неговите интереси“, рече Филипче.
Во интервјуто, Филипче посочи дека сите граѓаните се погодени од лошите политики на власта, посочувајќи и на земјоделците, на кои власта им ветуваше сигурен откуп и зголемени субвенции, а сега ги остави сами да се справуваат со проблемите.
„Зошто не им даде пари на земјоделците? Зошто не ги зголеми откупните цени? Зошто не ги зголеми субвенциите? Догодина нема да има земјоделство. Знаете дека догодина нема да има сточарство? Знаете дека нема да има лозови насади? Затоа што ќе им скапе грозјето како сега на нивите“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ потсети дека Владата ги одби сите предлози на СДСМ за подобрување на животниот стандард, вклучително и предлогот за минимална плата од 600 евра.
„Ги одбиваат сите предлог-мерки за подобрување на стандардот на граѓаните. По трет пат го одбија нашиот предлог да се зголеми минималната плата на 600 евра. Повеќе од три минимални сегашни плати се потребни за едно семејство да ја наполни потрошувачката кошничка“, рече Филипче.
Тој притоа
најави дека мастер планот на СДСМ предвидува сите граѓани да добијат акции во државни компании што успешно работат. Со ова, како што истакна Филипче, ќе се исправи неправдата од времето на приватизацијата. Меѓу клучните политики на СДСМ се и финансиската поддршка за сите категории граѓани, борбата против корупцијата и воведувањето прогресивен данок.
„Ние даваме добри предлог-мерки, комуницираме со граѓаните, имавме конгрес на којшто донесовме програмска платформа, одлични предлог-мерки има по сите сектори и го презентиравме. Нашиот мастер план, во следниот период детално ќе го презентирам на јавноста. Сакам да знаат граѓаните што точно ќе предложиме во пресрет на следните парламентарни избори, кога и да бидат тие, дали ќе бидат предвремени или редовни. Сакам да знаат дека главните постулати на таа програма се европската иднина на Македонија, понатаму борбата со корупцијата, високо на нашата агенда, соработката со Европското обвинителство, понатаму ветингот на сите поранешни функционери, пакет на финансиска помош за сите категории граѓани, со точно наведен извор од каде тие пари ќе дојдат, понатаму, конечно, сите граѓани акционери на државните компании кои добро работат“, истакна претседателот на СДСМ.
Филипче нагласи дека сите граѓани да добијат акции за да се исправи неправдата од приватизацијата.
„Лотарија на Македонија е една од нив. Сите граѓани ќе добијат акции. Се исправува неправдата од времето на приватизацијата“, рече Филипче.
Тој посочи дека мастер планот предвидува и прогресивен данок, како дел од политиките за поправедна распределба на капиталот.
„Огромно мнозинство од генерацијата Z во Америка, 60–70 проценти, смета дека треба да има прогресивен данок. Оттука и нашата политика во рамките на мастер планот да воведеме прогресивен данок. Политиките во сите земји во светот ги носат најбогатите луѓе, а на второ место е влијаењето на владите. Понатаму ги поддржуваат синдикатите. Дури некои се залагаат за учество на работниците во менаџирањето на компаниите“, рече Филипче.