Муцунски ѝ честиташе на Студентската листа за победата
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски им честиташе на граѓаните на соседна Србија за успешните парламентарни избори, а на Студентската листа им посака успех за постигнатиот резултат.
Во објавата на „Х“, Муцунски наведе дека Македонија останува посветена на натамошното продлабочување на пријателството и добрососедските односи со Србија.