Џозеф: Недозволива толеранција на ЕУ за бугарската блокада на Македонија


ЕУ не прави ништо и со тоа ѝ дозволува на Бугарија, која секако не е меѓу најмоќните членки, да го спречи официјално Скопје да преговара со Брисел, вели во интервју за Радио Слободна Европа Едвард Џозеф, предавач на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон. Во интервјуто за Радио Слободна Европа на прашањето на новинарот Драган Штављанин дали […]

Посетата на бугарскиот премиер Петков на 18 јануари, Скопје и Софија подготвени за конструктивен дијалог


Новиот бугарски премиер Кирил Петков првата посета на Северна Македонија ја најави за 18 јануари. Од Скопје уверување за подготвеност за конструктивен дијалог за надминување на разликите. Претседателот Стево Пендаровски уверува дека Северна Македонија останува фокусирана на европската агенда и е подготвена за дијалог со Република Бугарија во насока на надминување на постоечката состојба. Тој […]

Србија и Македонија во 2021 преку „Отворен Балкан“ и вакцинација до најдобри можни односи


Србија во 2021 година покрај евроинтегративните процеси, дијалогот со Косово и реформите, на надворешно-политички план имаше напнати односи со Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово, а единствен сосед со кој односите се развиваа кон градење на најдобри можни односи, беа односите со Северна Македонија. Три од повеќето дадени изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ во текот […]

Петков за Блумберг: Мојата прва посета на Северна Македонија најверојатно на 18 јануари


Бугарскиот премиер Кирил Петков најавува дека датумот на неговата прва посета на Северна Македонија најверојатно ќе биде 18-ти јануари. Во интервју за ТВ Блумберг, како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков вели дека со Ковачевски сакаат да создадат сосема поинаква рамка за разговорите. Посочува дека досега главниот фокус беше на историската дебата, но […]

Седница на ЦО на СДСМ за составот на новиот владин кабинет на 10 јануари


Разговорите и консултациите околу составот на новата влада и новата владина програма, се во финална фаза. Во понеделник се очекува да има седница на Централниот одбор на СДСМ на која претседателот и мандатар Димитар Ковачевски ќе ги презентира имињата за составот на владиниот кабинет, по што ќе продолжи соодветната процедура во Собранието, изјави заменик – […]

Шекеринска нема амбиции да биде идниот НАТО амбасадор


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека нема амбиции да биде идниот амбасадор на НАТО. Таа додаде дека во моментов се фокусира на нејзината работа како министерка за одбрана, а за тоа што ќе се случува во иднина, како што напомена ќе биде познато, бидејќи ништо не останало тајна во нашата држава. – Не […]

Пендаровски на средба со Гир: Македонија е подготвена за дијалог со Бугарија


Политичките случувања во земјава во пресрет на формирањето на новата влада, како и очекувањата и можностите за напредок во однос на европските перспективи, беа темите за кои денеска разговараа претседателот Стево Пендаровски и евроамбасадорот Дејвид Гир. Како што истакна претседателот Пендаровски на средбата во неговиот Кабинет, Северна Македонија останува фокусирана на европската агенда и подготвена […]

Трајанов бара поништување на одредби од Изборниот законик во корист на помалите партии


Претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник Павле Трајанов денеска до Уставниот суд достави иницијатива со која бара укинување на одредби од Изборниот законик со кои, како што рече тој, им се овозможува системска или монополска положба на четири партии – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса на Албанците, при изборни процеси. – Во Законот 90 отсто […]

Средба Гаши – Ковачевски: Алтернатива ќе се заложи за унапредување на државата кон европското семејство


Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и потпретседателката на партија Сафије Садики-Шаини денеска имаа средба со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Како што објави Гаши на својот фејсбук-профил, на средбата е разговарано за владиниот план за држава со европска и прогресивна ориентација. – Честитајќи му за новата задача на новоизбраниот претседател на Социјалдемократите, Ковачевски, меѓу другото, […]

Бугарите од Македонија не сакале да бидат пазарени за визи и Шенген


  Еден пост на Фејсбук, многу неволји. Уште еден пост, дополнителни неволји. Барањата на Слави Трифонов, лидерот на бугарската партија Има таков народ (дел од владината коалиција), до САД и ЕУ за кревање на блокадата на Македонија ги разбуричкаа духовите кај нашиот сосед, а и овде – меѓу граѓаните што се чувствуваат Бугари. Нивните претставници […]

Петков се подготвува за посета на Скопје, Париз со порака Македонија и Албанија да продолжат заедно


Во очекување на формирањето на новиот владин кабинет и на интензивирање на комуникацијата со Бугарија со цел деблокирање на европскиот пат на земјава, Париз упати порака дека Скопје и Тирана не треба да се одвојуваат на нивниот пат кон интеграцијата во ЕУ, додека од Софија, каде не стивнуваат реакциите по „предлогот“ на лидерот на партијата […]

Познатата Весела Чернева била во Скопје да ја подготви посетата на Кирил Петков


  Советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер Кирил Петков, Весела Чернева, на 2 јануари го посетила Скопје, потврдиле од тамошната влада за Бугарската национална телевизија. Чернева била во Скопје по задача на Петков заради подготовка на претстојната средба на бугарскиот премиер и Димитар Ковачевски подоцна овој месец, кога во Скопје треба да се избере […]

Ковачевски ќе одлучи за идниот министер за одбрана, вели Шекеринска


  Одлуката кој ќе биде новиот министер за одбрана уште не е донесена и за тоа треба да реши мандатарот за новата влада, Димитар Ковачевски. Така денес одговори министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, и нагласи дека според нејзините информации за тоа сѐ уште нема одлука. Според неа, постои една црвена линија која не треба да […]

И „северномакедонци“ на Слави Трифонов е говор на омраза


  Вчерашната понуда на лидерот на партијата Има таков народ, Слави Трифонов за „трговска зделка“ со САД и ЕУ за Бугарија да ја кренела блокадата на Македонија предизвика лавина од реакции кај нашиот сосед. И меѓу политичарите и во медиумите. Најмногу поради тоа што Трифонов, чија партија учествува во владината коалиција, а министерката за надворешни […]

Слави Трифонов бара САД да ги укинат визите за Бугарите, па ќе ја кренеле блокадата на Македонија


  Од прашања за историјата, Самуил, Гоце Делчев… преку човековите права на Бугарите во Македонија… Софија сега навестува класична трговска зделка. Додуша не од официјалните власти, туку преку Слави Трифонов, лидер на партијата Има таков народ. Трифонов не е член на владата, но неговата партија е дел од владината коалиција, а министерката за надворешни работи, […]

Опозицијата со 180 амандмани ги блокира измените за избор на дипломати за претседавањето со ОБСЕ


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција изјави дека опозицијата со 180 амандмани го блокира предлогот кој се однесува на еден член од Законот за надворешни работи, кој претставува ограничување при селекцијата на дипломати за претседавањето со ОБСЕ. Односно, според тој член, за еден дипломат да замине на мисија треба од завршувањето […]

Османи ги најави контактите со Париз по формирањето на новата влада


  Во втората половина на јануари, по формирањето на Владата во Македонија, ќе биде воспоставена комуникацијата со Франција, како актуелен претседавач на Европската унија во насока на можностите кои земјава би ги имала за време на француското претседателство за одблокирање на процесот на евроинтеграциите. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за надворешни работи Бујар […]

Македонија во 2023 претседавач на ОБСЕ, почнуваат подготовките


  Северна Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ или познато како ОБСЕ тројка, заедно со сега веќе минатогодишниот претседавач Шведска, како и актуелниот претседавач за оваа година Полска. Со тоа и формално започнуваат и нашите обврски поврзани со претседавањето во 2023 година со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ во која членуваат 57 земји, […]

Јовески : Обвинителството не постапува селективно и не подлегнува на политички влијанија


Не ја делам оценка дека Обвинителството постапува селективно и дека подлегнува на политички влијанија. Доколку Обвинителството е под политички влијанија, веројатно немаше да отвори предмети против носители на јавни функции, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА. -Јас повеќе пати сум нагласил дека не ја делам таквата оценка и секогаш ја илустрирам […]