(Видео) Бујар Османи реферира пред Комисијата за надворешни работи


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе има излагање пред членовите на  Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Северна Македонија.

Како што е најавено од МНР, шефот на дипломатијата Османи ќе ги информира членовите на собраниската Комисија за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Седницата на оваа комисија е предвидено да започне од 11:45 часот, во салата Борис Трајковски