ГЕРБ бара Бугарите да влезат во Уставот пред почеток на преговорите со ЕУ


Постигнувањето економска кохезија е добра работа, но тоа не го одразува реалниот фокус на проблемите со на РС Македонија. Ако вашиот сегашен пристап е да подигнете облаци за да покажете дека нешто се случува кога ќе им свртите грб на вистинските проблеми, таквиот план нема да успее и ќе предизвика остра политичка и социјална реакција, изјави пратеникот на ГЕРБ-СДС, Даниел Митов од собраниската говорница, по сослушувањето на премиерот Кирил Петков за постигнувањата на двете меѓувладини средби со Република Северна Македонија.

-Од вас се очекува да ги заштитите параметрите поставени во рамковната позиција на владата и декларацијата на Народното собрание од 2019 година. Вашата заложба во рамките на Националниот совет за безбедност е да известувате за напредокот на нашите односи со РСМ врз основа на реални резултати. На крајот од денешното сослушување правилно е да се сумира што можеме да го сметаме како реален резултат, рече Митов од говорницата, обраќајќи му се на премиерот.

Според него, голем дел од антибугарската реторика доаѓа од пропагандните историски наративи наследени од времето на комунистичка Југославија. Затоа, рече Митов, мора да се направи видлив напредок за надминување на историските фалсификати во образовниот систем на РСМ.

ГЕРБ смета дека е неопходно да се постигнат реални гаранции за почитување на правата на Бугарите во Македонија ,  ако е можно  вклучување на Бугарите како државотворен народ во Уставот пред почетокот на преговорите.

Митов  настојуваше дека треба да се отворат и досиејата на комунистичките служби и на Сојузот на комунистите во Македонија од времето на поранешна Југославија , со официјално признавање и извинување на народот и нивните семејства, прогонетите и настраданите поради изразувањето на својата бугарска самосвест. 

Премиерот Петков денес рефереира пред пратениците во Народното собрание  за преговорите со Македонија, а тоа истото ќе го направи министерот Бујар Османи во нашето Собрание.