(Во живо) Тркалезна маса – Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ


Амбасадорска тркалезна маса насловена „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешнополитички курс,“  се одржува денеска во Клубот на пратеници во Скопје, во организација на Советот на амбасадори.

На тркалезната маса ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи Антонио Милошоски. На форумот ќе говорат и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на ЕУ делегацијата во Скопје, амбасадорите на Италија, Словенија, Франција, Холандија, замениците шефови на мисии од амбасадите на Германија и САД, како и поранешните амбасадори Мухамед Халили, Александра Наќева-Ружин, Љупчо Арсовски, Тихомир Илиевски и Ѓорѓи Филипов.

Проследете ја во живо: