Руската амбасада предупреди на сериозни последици од протерувањето на дипломатите


Руската Амбасада во Скопје излезе со реакција по повод протерувањето на дополнителни шест руски дипломати од страна на Северна Македонија.   – Без да се најави реакцијата на руската страна на овој непријателски чекор, истакнуваме дека неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Северна Македонија. Посебно сакаме да нагласиме дека обвинувањата […]

Генчовска: Бугарското МНР не добило никаков документ од Северна Македонија


До бугарското Министерство за надворешни работи не е пристигнат никаков официјален документ, како што изјави министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, истакна денеска шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска. „Билатералните разговори се одржаа на 10 февруари и се работеше на предлог-протокол, но за жал резултатите беа незадоволителни“, изјави Генчовска по седницата на […]

Бугарија го отфрлила македонскиот предлог, ќе даде свој


Бугарија ја информирала Република Северна Македонија дека предлозите за постигнување договор не се прифатливи и дека разговорите продолжуваат, порачале од бугарското Министерство за надворешни работи по тврдењето на министерот Бујар Османи дека има документ кој што е одобрен од македонска страна и дека се чека одговор од властите во Софија. „Меѓу министерствата за надворешни работи […]

Македонија протера уште шест руски дипломати, остана ли некој во амбасадата?


  Македонија протера уште шест дипломати од руската амбасада во земјава, кои се прогласени како персона нон грата.Министерството за надворешни работи (МНР) информацијата ја сподели откако денеска бил повикан рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, кому му врачиле дипломатска нота со која дипломатите се посочени како непожелни во државата. „Врз основа на информациите добиени од […]

Петков се брани: Не сум потпишал документ за Македонија


  Секогаш сме се придржувале до коалицискиот договор и постојната рамковна позиција за Република Северна Македонија. Не сум потпишал документ од бугарска страна, порача за бугарската јавност денес премиерот Кирил Петков, пред најавената утрешна посета на Македонија. „Ќе ја покажам силната задача на бугарската влада да ја поддржи бугарската заедница во Македонија. Верувам дека во […]

Стејт Департмент: Одлуката за одвојување на преговорите за Македонија и за Албанија е на ЕУ 


САД сметаат дека одговор на прашањето за можно одвојување на процесите на пристапни преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ по јуни треба да дадат засегнатите страни и Унијата. На прашање од МИА дали САД се согласуваат на одвојување на процесот за Албанија да ги започне претпристапните преговори со ЕУ во јуни, а Северна […]

Има договор прифатлив за Скопје – се чека одговор од Софија


  Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вчера информира дека има документ како основа за договор со Бугарија прифатлив за македонската страна, но се уште нема одговор дали тој е прифатлив и за Софија, посочувајќи дека кога ќе има согласност по однос на кој било документ како основа за договор со Бугарија, пред да се […]

Стоечки овации за Заев на конгресот на СИРИЗА


Како ниеден македонски политичар при јавен настап во странство вечерва поранешниот лидер на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев, беше пречекан со овации на конгресот на грчката левичарска партија СИРИЗА, кој започна вечерва во Атина.  Него од говорницата го најави лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, а кога видно возбудениот и трогнат Заев стана да ги […]

Петков во Битола ќе отвори библиотека со 2.000 историски книги и архивски материјали на бугарски јазик


  БИТОЛА – Клуб со библиотека со над 2.000  учебници, историски книги и дел архивски материјали се очекува да отвори бугарскиот премиер Кирил Петков во сабота во строгиот центар на Битола. На покана на Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, кој го уреди клубот во објект на улицата „Рузвелтова“ , Петков доаѓа заедно со  потпретседателката […]

Петков и Јотова в сабота во посета на Битола


 Бугарскиот премиер Кирил Петков, заедно со потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, в сабота, на 16 април ќе ја посетат Битола, во организација на бугарската амбасада во земјава. Средба на премиерот Димитар Ковачевски или некој владин претставник со бугарската делегација, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска информираше дека се организира во рамки на новопланираниот далекувод […]

ЕУ се уште не размислува да ги раздвои Македонија и Албанија


Романскиот шеф на дипломатијата, Богдан Ауреску изјави денес дека нема разговори во Европската унија за одвојување на Македонија и Албанија во однос на одлуката за започнување на преговори за членство.  -Нема такви дискусии во ЕУ, за раздвојување на Северна Македонија и Албанија. Ние во Романија не ја поддржуваме таквата одлука. Важно е да се најде […]

Македонија и Романија договараат директна авиолинија


Шефот на дипломатијата на Романија, Богдан Ауреску, кој денес престојува во Македонија, договара директна авионска линија која ќе помогне да се зајакне економската и друга соработка со нашата држава.  Ауреску, по средбата со министерот Бујар Османи, ги оцени односите меѓу Романија и Македонија како „навистина одлични“  нагласувајќи дека нашата земја е втор трговски партнер на […]

Софија ќе одвои 31 милиони евра во наредните шест години за соработка со Македонија


  Бугарската влада одобри две програми за прекугранична соработка – со Романија и со Македонија. Вкупниот буџет е близу 240 милиони евра до 2027 година, но од него лавовскиот дел – 207,5 милиони евра – е за соработката со Романија. А од нив дури 163,5 милиони се обезбедени од Европскиот фонд за регионален развој. Програмата […]

Бугарија ги крши правата на Македонците, оценува Стејт департментот


  Американскиот Стејт департмент во извештајот за состојбата човековите права во светот во 2021 година, во делот за Бугарија не само што наведува дека таму постојат етнички Македонци, туку и дека се нарушуваат нивните права за слобода на здружување. Стејт департментот наведува дека бугарските власти и покрај 14 одлуки на Судот за човекови права го […]

Метју Лосон од јули нов британски амбасадор во земјава


Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Северна Македонија. Тој ќе стапи на должност на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, чиј мандат истекува во јули годинава. Лосон во Скопје доаѓа по амбасадорската функција во Душанбе, Таџикистан. Во неговата биографија се наведува дека ја вршел и функцијата заменик-шеф на британската мисија во Босна […]

Романскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Скопје ќе биде домаќин на неговиот романски колега Богдан Ауреску. Во рамки на официјална посета на земјава, романскиот министер Ауреску ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. 

Петковски: Се повлекувам од лидерското место во НСДП, но не и од политиката


Лидерот на НСДП, Тито Петковски попладнево информира дека нема да се кандидира за нов претседателски мандат во партијата. -На 4.јуни е закажан петти редовен Конгрес на партијата, а јас одлучив да не се кандидирам за претседател. Не се повлекувам, рече Петковски во изјава за „Локално“. Според него, тој остава простор, помладите да ја превземат одговорноста […]

Стејт департментот ги посочува лошите услови во затворите, закани кон новинари и корупција


  Американскиот Стејт департамент во извештајот за човековите права во Северна Македонија за 2021 година, нотира случаи несоодветно однесување и лоши услови во затворите, закани кон новинари, корупција и родово и семејно насилство. Се посочува и дека властите презеле чекори за откривање и санкционирање на функционери вмешани во злоупотреби и корупција. „Значајните прашања за човековите […]

Левица поднесе кривична пријава против Талат Џафери


   Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери бидејќи, според нив,  своеволно, систематски и спротивно на Уставот ја кочи и ја оневозможува парламентарната контрола над извршната власт, со несвикување седници за пратенички прашања во континуитет, повеќе од една година. „Пријавениот се товари дека извршил […]

СДСМ прашува зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Груевски, тие возвраќаат за случајот на Зеќири


  Владејачката СДСМ денеска соопшти дека било време „ВМРО-ДПМНЕ да одговори како се поврзани Мицкоски и унгарската компанија на Груевски која се најде на црната листа на САД? Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже: Која е поврзаноста со унгарската компанија на Груевски која се најде на црната листа на САД? Што знаел […]