Поставена спомен-плочата на Владимир и Косара симбол на македонско-црногорското пријателство


  На вториот ден од официјалната посета на Црна Гора, претседателот Стево Пендаровски денеска во Бар присуствуваше на поставувањето на спомен-плочата на Владимир и Косара, која е изработена во Северна Македонија, во чест на македонско-црногорското пријателство. Претседателот Пендаровски посочи дека поставувањето на ова спомен обележје претставува симбол на блискост и културно-историската врска помеѓу Северна Македонија […]

Kовачевски за „Ди Пресе“: Дезинформации пласираат оние кои не сакаат земјата да напредува


Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за австрискиот весник „Ди Пресе“ вели дека дезинформациите што во нашата земја се пласираат во контекст на актуелните политички случувања потекнуваат од трети земји кои не сакаат оваа земја да напредува и да се развива. – Ова е јасно финансирано од Русија. Затоа членството во ЕУ е наша стратешка цел. […]

Заев : Додека дишам ќе се борам против режим


  Во Атина сте како гостин на Алексис Ципрас на конференцијата СИРИЗА-ПА. Вие и министрите за надворешни работи Никос Коѕијас и Никола Димитров го постигнавте Договорот од Преспа кој донесе изборен пораз на СИРИЗА во 2019 година и отстранување од централната сцена и на вас и на двајцата министри. Дали постигнувањето на договорот беше релевантно […]

Заев за грчки „Ајидисис“: Преспанскиот договор вредеше и допрва ќе се покаже дека вреди


Поранешниот премиер Зоран Заев ќе учествува на третиот Конгрес на грчката опозициска партија СИРИЗА што ќе се одржи од 14 до 17 април, а непосредно пред патувањето во Атина, во интервју за грчкиот информативен портал „Ајидисис“ порачува дека Договорот од Преспа вредеше и допрва ќе се покаже дека вреди и го претвори проблемот во решение, […]

Претседателот на италијанскиот Дом на пратеници во посета на Македонија


Претседателот на Домот на пратеници на Италијанската Република Роберто Фико денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија, каде ќе има средба со неговиот домаќин, претседателот на Собранието Талат Џафери. Како што најави Амбасадата на Италија во државава, Фико денеска ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи  […]

Сеопфатен договор со Софија би создал поволни услови да не се злоупотребува процесот за влез во ЕУ со нови барања 


Со новите безбедносни предизвици што во регионот ги создаде украинската криза, императив е што побрзо Западен Балкан да се интегрира во Европската Унија. Кредибилитетот на ЕУ е крајно нарушен во земјава поради одолговлекувањето на процесот на пристапување, којшто стана заробеник на интересите на државите-членки и ако се следи од морална димензија истиот е целосно неетичен […]

Генчовска ја исправа Бербок: Позицијата на Софија е непроменета


  Откако вчера германската министерка за надворешни работи изјави дека ЕУ мора во првата половина од годината да ги почне преговорите со Македонија и Албанија, особено поради ситуацијата во Украина, бугарското министерство за надворешни работи неколку часа подоцна ја дообјаснуваше позицијата на Софија. Аналена Бербок во Луксембург, каде што се состанаа министрите за надворешни работи […]

Методија Димовски именуван за нов генерален секретар на Владата


Методија Димовски е назначен за нов генерален секретар на Владата на денешната владина седница, потврдија од Владата за МИА. Димовски е член на Инспекцискиот совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето, а досега работел на повеќе работни и раководни места во јавната администрација, во меѓународни организации и како независен консултант. […]

Пендаровски: Не гледам ништо спорно во изјавата на Рама ако продолжи блокадата од Бугарија


Не гледам ништо спорно во изјавата на Еди Рама за одвојување на Албанија од Севрена Македонија на патот кон ЕУ. Логично е ако ние и понатаму продолжиме да бидеме блокирани од страна на Бугарија дека другите земји кандидати нема да сакаат својот пат кон ЕУ да го врзуваат со кој било друг, вклучително и со […]

Интервју со Петар Богојески: Ако ја сака државата, Груевски да се врати и да одговара


  Големата русофилија во земјава е резултат на тоа што мнозинството овде мисли дека на тој начин ќе се одмазди на Западот, бидејќи тој ни го сменил насила името, нѐ излажал околу влегувањето во ЕУ, ни направил ваква или онаква неправда. Но, тоа нема врска со реалноста, вели предводникот на „Македонски концепт“, Петар Богојески. Во […]

Пендаровски-Ѓукановиќ: Економската соработка врвен приоритет, војната во Украина влијае и врз нашите стопанства


Односите меѓу Северна Македонија и Црна Гора се одлични, а наша задача е да го одржуваме ова високо ниво, за нашите народи да продолжат со блиските врски и во иднина. Унапредувањето на економските врски треба да биде врвен приоритет, се согласија на заедничката прес-конференција во Подгорица претседателот Стево Пендаровски и неговиот домаќин црногорскиот претседател Мило […]

Холштајн: Важно е процесот на пристапување во ЕУ да биде заедно за Скопје и Тирана


Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн денеска потсети дека германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок вчера на маргините на средбата на министри за надворешни работи во Луксембург, уште еднаш потврдила колку е значајно за целата ЕУ да остане овој пат за првата меѓувладина конференција за Северна Македонија и за Албанија и тоа веднаш. […]

Влада: Новоименуваните 12 надворешни советници на премиерот Ковачевски се докажани експерти и универзитетски професори


 Реномирани универзитетски професори, долгогодишни експерти докажани по својата стручност, секој во својата област во земјава и на меѓународно ниво, се новоименуваните 12 надворешни советници на претседателот на Владата Димитар Ковачевски, информираат од Владата. -Со одлука на Влада, значително е намален бројот на лица кои го советуваат премиерот Ковачевски. Наместо претходниот тим од над 50, сегашниот […]

Пендаровски и Ѓукановиќ ги потврдија одличните односи меѓу Скопје и Подгорица


Билатералните релации со Црна Гора се пресликуваат и во добрата соработка низ регионалните процеси. Споделуваме интерес за ЕУ интеграцијата, геополитичките случувања во поширокото соседство и влијанието од руската воена инвазија врз Украина, напиша на Фејсбук претсдеателот Стево Пендаровски, кој претпладнево ја почна дводневната официјална посета на Црна Гора. Пендаровскив о Цетиње со највисоки државни и […]

Пендаровски во дводневна официјална посета на Црна Гора


Црна Гора– Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Црна Гора. – Во Подгорица, денеска, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, пленарен состанок на делегациите на Република Северна […]

Бербок: ЕУ до јули треба да ги почне преговорите со Скопје и Тирана


Луксембург – Северна Македонија и Албанија треба да ги започнат преговорите за членство во ЕУ во првата половина на 2022 година, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. – Земјите како Украина, како и други држави, одамна ја гледаат својата иднина во ЕУ. Не само што нема да ги разочараме овие земји, туку ќе го […]

И Сашо Мијалков вели дека бил ставен на црната листа врз база на дезинформации


  Слично како и поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот братучед, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, вели дека американскиот Стејт департмент го ставил на црната листа врз база на дезинформации. Неговата објава на Фејсбук е куса: „Жалам за денешната одлука на Стејт департментот и сметам дека таа не е исправна. Одлуката е базирана на […]

Рама уште еднаш најави дека Албанија ќе се одвои од Македонија во јуни


  Албанскиот премиер  Еди Рама уште еднаш истакна дека Албанија ќе се „одвои од Северна Македонија доколку формално не се отворат преговорите со ЕУ во јуни“.   „Во случајот со одвојувањето на Албанија од Северна Македонија, одговорот е позитивен: 65 отсто од албанските граѓани кои учествува во националната анкета. Тоа ќе се случи од наша страна само […]

Никола Груевски: Стејт департментот подлегна на неточни информации


  Со одредена доза на резигнираност поранешниот премиер Никола Грувески реагираше на одлуката на САД да биде ставен заедно со други лица на нивната црна листа поради „значителна корупција“ и, како што изјави Ентони Блинкен, „ја загрозуваат регионалната стабилност, прогресот и европската интеграција“. Груевски во реакцијата на Фејсбук вели дека за оваа одлука се зборувало […]

Се огласи и Блинкен: Лицата на црната листа ја загрозуваат безбедноста на регионот


  По ставањето на Никола Груевски и Сашо Мијалков на црната листа на САД се огласи и државниот секретар Ентони Блинкен соопштувајќи дека тие двајца и другите назначени личности ја загрозуваат регионалната стабилност, прогресот и европската интеграција. „Денеска Стејт департментот и Министерството за финансии презедоа санкции за актери во Западен Балкан за дестабилизирачки и коруптивни […]