ВМРО-ДПМНЕ го нарече Џафери деспот


ВМРО-ДПМНЕ го нарече деспотото од Форино  спикерот на Парламентот, Талат Џафери, прашувајќи во која земја власта ги навредува мајките на вработените во администрацијата.

-Јавноста беше сведок на примитивизмот на Џафери, на неговиот однос,  навредите и пцовките кон вработените. Во која друга земја функционерите од власта им ги пцујат мајките на вработените во администрацијата? Во ниедна. Само кај нас тоа го прави власта на СДСМ и ДУИ.

И наместо за таквото свое безобразие да поднесе оставка тој уште и ги обвинува тие кои ги навредувал дека не ги исклучиле микрофоните и заради тоа граѓаните ги слушнаа неговите пцовки, вулгарности и неговиот однос кон вработените во законодавниот дом. Тоа е недостојно!

Ковачевски пак уште повеќе ја навредува интелигенцијата на граѓаните, па се прави недоветен и изјавува дека не знае кон кого се обраќал! Како божем да има разлика дали Џафери пцуе пратеник, снимател, собраниски административец или било кој друг чиновник. 

Ваквите навреди доаѓаат од Џафери и во никој случај не може да се оправдаат, без разлика кон кого се упатени. Џафери треба да си поднесе оставка, а ако имаше грам доблест таа оставка требаше да му ја побара и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Ковачевски пропушти можност. Тој застана во одбрана и оправдување на вулгарноста и примитивизмот и затоа срамот сега е и негов срам, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.