СДСМ: Нема да прекинеме скрининг зошто Мицкоски сака избори


СДСМ одговори на милионитото барање од страна на ВМРО-ДПМНЕ да се одржат вонредни парламентарни избори, овојпат во мај.    „Сигнали од пратеници нема. Мицкоски не знам по кој пат веќе поставува барање за предвремени избори. Јас имам многу јасен став, јас не ги менувам моите ставови како него на една недела. Избори ќе има во […]

Шефот на државата не верува во антимакедонски сценарија на Рама


  Шефот на државата, Стево Пендаровски не се сомнева во намерите на лидерите на албанските партии од Македонија ниту во намерите на албанскиот премиер Еди Рама и не мисли дека таму се креирале антимакедонски сценарија. – Да не заборавиме, Албанија е членка на НАТО и е наш пријател. Немам никаков сомнеж во намерите на премиерот […]

Пендаровски: Со промена на Уставот ќе се покаже кој е за ЕУ, а кој не е


Можно е Северна Македонија да стане земја – членка на ЕУ до 2030 година, смета претседателот на државата Стево Пендаровски, повикувајќи по ова прашање да постигнеме реален национален консензус. Истовремено тој го отвори и прашањето за тоа дали ЕУ ќе биде толку фокусирана на Западниот Балкан по завршување на војната во Украина. -Дали е можно […]

Пендаровски не гледа проблем во црковната дипломатија на митрополитот Антониј


Посетата на рускиот митрополит Антониј на земјава и неговата вчерашна средбата со поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, според претседателот Стево Пендаровски, е исклучиво во рамки на т.н. црковна дипломатија. Тој нагласи дека лично нема проблем со се што се движи во тие рамки, имајќи предвид, како што рече, дека Руската црква […]

Гир: Ветувањето за членство во ЕУ е реално


Прашањето е дали државата може да стане членка на ЕУ до 2030 година? Одговорот е: зависи од самата држава. Задачата е значајна, обемот на реформи се големи. Ќе има подеми и падови и овде и во Брисел. Сметам дека долгорочниот пат, трасата е утврдена од ЕУ и ветувањето е реално. Зависи од оценувањето на взаемните […]

Ковачевски разговараше со Сарацин за уставните промени


Премиерот Димитар Ковачевски утрово оствари телефонски разговор со специјалниот пратеник на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин. Премиерот и специјалниот пратеник разговараа за предизвиците што ги наметна енергетската и економската криза, како и за чекорите кои ги презема Владата со антикризните мерки за да им олесни на граѓаните и стопанството да ги надминат. […]

Виктор Димовски не оди во Париз, Пајо Авировиќ нов амбасадор?


„Наназад два или можеби три месеци се водат политички консултации во рамки на Владата за 14 амбасадорски позиции, колку што јас знам. Кога ќе завршат консултациите министерот за надворешни работи доаѓа кај мене. Меѓу овие места е и позицијата во Париз“, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски. Пендаровски истакна дека меѓу оние 14 испразнети […]

Пендаровски: Имаме напредок во делот на корупцијата


Имаме неспорен напредок во делот на корупцијата. Имаме скок од 24 места, според Извештајот на Транспаренси интернешенeл, но тоа не е доволно. Уште сме далеку од европскиот процес, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски одговорајќи на новинарско прашање по обраќањето на тркалезна маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до […]

Милков: Отворањето конзулат во Северна Македонија е „сложена и политичка работа“


 Бугарскиот вршител на должност министер за надворешни работи, Николај Милков синоќа нагласи дека отворањето конзулат во Република Северна Македонија „е сложена и политичка работа“.Неговата изјава беше дадена како одговор на прашање на пратеник на седница на собраниска Комисија за надворешна политика во бугарскиот Парламент. -Тоа е сложена и политичка работа. Треба да се разговара со […]

СДСМ: Попрво ќе има 80 пратеници за уставни промени, отколку 61 за предвремени избори


Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за емисијата „Утрински печат“ оцени дека е многу пореално да се случат уставни измени и дека предвремени парламентарни избори нема да има.   „Неспоредливо поголема е веројатноста да има 80 пратеници за уставни измени, отколку да има 61 пратеник за распуштање на Парламентот и предвремени избори. Тоа е […]

Украина ќе биде главен приоритет на Македонија во претседавањето со ОБСЕ


Воената агресија против Украина продолжува да го покажува својот грд лик. Мирот е разрушен. Луѓето продолжуваат да умираат и да страдаат. Нашата меѓусебна доверба е длабоко поткопана. Сепак, уверен сум дека нашите надежи за подобра иднина за нашата Организација, земјите кои ги претставуваме и луѓето на кои им служиме остануваат високи. Се работи за нив, се работи […]

Министерот Османи во Виена ќе ја презентира програмата на претседавањето со ОБСЕ


Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, денеска во Виена ќе ја презентира програмата на нашето претседавање со организацијата. Како што информираат од Министерството за надворешни работи, во обраќање пред Постојаниот совет на ОБСЕ, министерот Османи ќе зборува за предизвиците со кои се соочува Организацијата, нашата […]

Советот на амбасадори организира тркалезна маса за евроинтеграцискиот процес на земјата


Амбасадорска тркалезна маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година“, во организација на Советот на амбасадори, денеска ќе се одржи во Клубот на пратеници. Предвиден е засебен панел „Ефективна борба против организираниот криминал и корупцијата: Европски добри практики и домашна реформска агенда“. На тркалезната маса, како што […]

Шоле не донесе црна листа, Ковачевски реферирал за високите случаи на корупција


  Високиот советник во Стејт департментот, Дерек Шоле, не разговарал со премиерот Димитар Ковачевски за црната листа која наголемо се најавува кај нас, иако двајцата имаа тет-а-тет средба, пред да почнат билатералните разговори на делегациите. Во изјавата што ја даде по средбата со Шоле, Ковачевски рече дека таа тема воопшто не била спомената од високиот […]

Ахмети со претседателот на Албанија, Бегај – побрзо да се воведе едношалтерски ситем на границата


Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, придружуван од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети и шефот на пратеничката група и потпретседател на ДУИ Арбр Адеми денеска во Тирана остварија средба со претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај. – Билатералните […]

Шоле пристигна во Владата на средба со Ковачевски


Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле утрово пристигна во Скопје, каде што беше пречекан пред платото на Владата од премиерот Димитар Ковачевски. Шоле и Ковачевски ќе разговараат за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата. Целта на посетата на Шоле на Западен Балкан, како што претходно соопшти Стејт департментот, е да ја нагласи […]

Вицепремиерот Маричиќ во Атина на средба со Варвициотис


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска престојува во еднодневна официјална посета на Атина каде што ќе има средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Република Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис.   Македонските евроинтеграции, Западен Балкан, политика на проширување на ЕУ, енергетиката, војната во Украина и отворање нови […]

Високиот советник на Стејт департментот Шоле во Скопје 


Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле денеска ќе престојува во Скопје, при што ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, со кого ќе разговара за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата. Делегацијата што ја предводи Шоле ќе биде пречекана пред платото на Владата. Целта на посетата на Шоле на Западен Балкан, […]

Заврши средбата во Тирана, на маса европската иднина на Македонија


Средбата на албанскиот премиер Еди Рама со лидерите на албанските политички партии од Македонија заврши доцна вечерва. По средбата, лидерите кои присуствуваа на неа ја оценија како братска и релаксирана со порака декз во фокусот била заедничката европска иднина на двете земји. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети кажа дека средбата поминала во позитивен и братски […]

Рама вечерва ќе обезбедува албанска поддршка за уставните измени?


Средбата на лидерите на политичките партии на Албанците од земјава со премиерот на Албанија, Еди Рама е во тек во во Тирана. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети,на неа  пристигна во придружба на вицепремиерот Артан Груби, кој е главен фактор на сопнување меѓу Ахмети и „Огнената група“. На средбата не се појави лидерот на БЕСА, Билал Касами […]