Бугарите од Македонија сакаат да влезат во извештајот на ЕК


„Повеќе од две години се обидуваме да водиме дијалог со властите во Република Северна Македонија, но безуспешно. На комесарот Оливер Вархеји му кажавме дека сме тука затоа што нема дијалог меѓу претставниците на властите во РСМ и бугарската заедница во земјата. Иднината на РСМ е во ЕУ, но тоа не може да биде на сметка на Бугарите кои живеат во земјата“.

Ова за БНЕС го изјавиле Петар Колев, Георги Трендафилов и Љубчо Георгиевски кои денеска се сретнаа со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

„Парламентот во РСМ наместо да работи на измени за вклучување на Бугарите во Уставот со цел побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ, донесува законска регулатива со цел затворање на клубовите на локалните Бугари во РСМ. Очекуваме во следниот извештај за напредокот на РСМ да ги вклучат прашањата за кои разговаравме на оваа средба“, велат тројцата.

 

Средбата ја побараа бугарските организации во Македонија на 2 декември, откако еврокомесарот во ноември во интервју најави дека ќе ги прими доколку му се обратат.