За Тупанчевски брзото менување министри не е добро за државата


Не сум сигурен дека брзата промена на министри претставува најдоброто решение, меѓутоа дефинитивно не зависи се од Министерството за правда. Многу работи зависат од фактори коишто не се директно поврзани, за жал или за среќа, со Министерството за правда, вели министерот за правда Никола Тупанчески.

Прашан за можната владина реконструкција со влез на Алијанса за Албанците во Владата, Тупанчески рече дека апсолутно не е оптоварен со развојот на настаните и дефинитивно е подготвен да одговори на сите предизвици.

–  Јас реков дека до последниот ден додека сме во Министерството за правда ќе го дадеме својот максимум. Не би сакал да го коментирам политичкиот или партискиот контекст, меѓутоа дефинитивно сме Министерство коешто и досега можеше да се пофали со остварените резултати. Имаме и одредена замисла како да ги подобриме состојбите во нашата држава, изјави Тупанчески, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Апелациониот суд во Штип.