Поранешен прв полицаец на Бугарија очекува судири на чествувањето на Делчев


„Очекувам судири по повод одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Северна Македонија“, изјави денеска во емисија „Утрово“ на БТВ Милен Керемедчиев, поранешен бугарски заменик министер за надворешни работи.

„Очекувам судири, бидејќи очигледно одредени политички сили и нивните симпатизери одат на овој празник со такво расположение и таква подготовка. Од друга страна, како што е познато, и ВМРО-ДПМНЕ ги подготвува своите симпатизери за доста сериозни судири со бариери и блокади “, појасни тој.

Милен Керемедчиев истакна и дека во исто време Бугарија е во предизборна ситуација – две од партиите даваат се од себе да ги подигнат резултатите со антимакедонски говор. Се работи за Преродба на Костадин Костадинов и на ВМРО, чиј копретседател е Ангел Џамбаски. И двајцата на панихидата за Мара Бунева, минатиот месец во Скопје провоцираа на сметка на македонските национални чувства.