И Мицкоски повика на мирно чествување на Гоце Делчев


При денешната посета на општина Карбинци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,. Христијан Мицкоски, изјави дека членови од неговата партија се повикувани на информативни разговори во врска со чествувањето на Гоце Делчев, но тој ги повика граѓаните во Македонија да не подлегнуваат на провокациите што секојдневно се присутни и коишто според него се во корист на „владата на ДУИ поддржана од СДСМ и на нашиот источен сосед“.

-Ниту една провокација на која што ќе потпадне било кој граѓанин не оди во полза на македонскиот народ и на Македонија како држава. Ние сме мирен, честит, достоинствен, библиски народ, народ кој што знае да тагува,кој знае да празнува, но и народ кој што знае да се отчести, да даде почест на луѓето, а еден таков е великанот Делчев. Јас ги повикувам сите на тој ден достоинствено да се поклониме во црквата „Св. Спас“ во Скопје, за да можеме да покажеме дека на овој народ местото му е онаму каде што одамна треба да биде, а тоа е во Европа. А не да се враќаме наназад и да не дозволиме оние корумпирани полициски структури, што прават  обид да го разединат македонскиот народ, да успеат. Ние треба да ги поразиме со достоинствено чествување на денот, и затоа ги повикувам сите оние кои што тој ден ќе се одлучат достоинствено да го чествувааат дено“, нагласи Мицкоски.

Околу наводно повиканите членови на партијата на информативнио разговори, Мицкоски нагласи дека има таква информација, но не сака да создава паника бидејќи „пет години живеат под политички терор на владата на СДСМ и ДУИ“.

-Имам такви информации, но  не треба да создаваме паника,ме навикнати сме, пет години живееме под политички терор на владата на СДСМ и ДУИ, навикнати сме едноставно, отпорни сме на сето тоа. Повикувани се, ќе бидат повикувани, се до моментот додека оваа влада не замине, потоа тие кои што ја злоупотребуваат таа позиција ќе треба да дадат одговори на многу прашања, истакна Мицкоски.

Во однос на прашањето дали на 4 февруари очекува било каква случка која што би ја нарушиле безбедносната состојба во државата, Мицкоски истакна дека било каква случка би била само на грев на владата и на МВР, бидејќи ако МВР ги слуша сите овие апели кои што ги упатува,  добро се организира и не сака да дојде до таква случка, нема да дојде.