Уставниот суд ја замрзна графата на Лога за етничка припадност, тој вели дека тоа е беспредметно


  Уставниот суд донесе одлука со која привремено го стави надвор од употреба упатството на министерот за правда Кренар Лога, со кое се издава извод на родени во кој има графа за етничка припадност. Уставните судии изразија сомнеж во уставноста на ова упатство и покренаа иницијива за проверка на законитоста. Додека одлучат за упатството на […]

Ислам Абази отворил предмет за Дрин Ахмети


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги информациите што континуирано се објавуваат по медиумите, уште минатата недела отворило предмет по допрен глас во врска со купопродажбата на ТЦ „Соравија“, објави Алсат. Фирмата „Тхор Индустри“ на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и албанската Па-Вла-Ку го превзедоа трговскиот центар „Соравија“ со, […]

Левица реагира: Зошто нема притвор за Мерко со шестте кривични пријави?


Левица го нарече градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко,  привилегиран граѓанин под закрила на ДУИ, откако САД го ставија на црната листа, а органите на прогонот ги испитуваат разно разните фиоки во кои стоеја кривичните пријави против него. -По објавата на САД дека струшкиот градоначалник и партиски член на ДУИ, Рамиз Мерко, е ставен на „црна листа“ […]

Бугарите од Македонија бараат „правда“ во Уставниот суд за забранетите имиња


Здружението на граѓани „Македонско-бугарско пријателство” поднесе иницијатива до Уставниот суд со која ги спори измените на Законот за основање здруженија кои забрануваат тие да бидат именувани со контроверзни имиња. Во барањето до Уставниот суд, кое же се разгледува денес, стои дека оспорениот закон го ограничува основањето на организации и нивниот упис во соодветниот регистар со […]

Уставниот суд ќе решава дали ценовниците за политичко рекламирање фаворизираат четири партии


Уставниот суд денеска  ќе одржи  седница на која ќе го разгледа барањето на лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, да се испита уставноста на Изборниот законик со кој според него се фаворуизираат големите политички партии бидејќи добиваат повеќе пари од буџетот за политичко рекламирање. Според подносителот на иницијативата одредбите содржани во членовите 75-ѓ и 76-д […]

ДУИ ја повикуваат ВМРО-ДПМНЕ да иницира истрага за нив


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ прерасна во фабрика на лажни вести и пропаганда налик на таа на Гебелс каде што креираат непостоечко прашање и го повторуваат се додека не започнат и самите да му веруваат, порачаа денес од ДУИ, откако опозициската партија изнесе серија обвинувања на сметка на лидерот на партијата Али Ахмети и неговото семејство. -Лажни вести […]

ДУИ: Албанците едногласно сметаат дека ВМРО е антиалбанско и антиевропско


Демократската унија за интеграција оценува дека Албанците едногласно сметаат дека ВМРО- ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски се антиалбански и антиевропски настроени, како што тоа го докажале со своите постапки и го правеле во минатото. Демократската унија за интеграција повеќе пати предупредуваше на антиалбанизмот што го практикуваат ВМРО- ДПМНЕ и Мицкоски на локално ниво преку […]

“Тхор индустрис“ бара извинување од Ковачки или ќе го даде на суд за невистини


„Тхор Индустрис“ на Дрин Ахмети ги демантира наводите на Драган Ковачки за учество на компанијата во изградбата на Коридорот 8 и други патни правци додека, како што твреше, други компании се мачат да најдат работа. -Во врска со видео-изјавата на членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Драган Ковачки, сакаме да ве информираме дека […]

Ковачевски со честитка за Денот на независноста на САД


  Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка до граѓаните на САД, по повод Денот на независноста.Во честитката премиерот Ковачевски истакна дека САД се нашите стратешки партнери чија што поддршка е од исклучително значење за напредокот на нашата држава. Во продолжение е интегралната честитка на премиерот: „Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер, чија поддршка во сите […]

Обвинителството бара да не се злоупотребува политички истрагата за „Феникс“


Jaвното обвинителство преку соопштение до јавноста ги повикува политичките партии да не ја злоупотребуваат во политички цели истрагата за предметот „Феникс“ и потсетуваат на пораката од Стејт департментот за политичко немешање во судството. „Јавното обвинителство инсистира сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот ‘Феникс‘, како и кое […]

Ковачки тврди: Фирмата на Дрин Ахмети што ја купи Соравија работи на Коридор 8


Внукот на Али Ахмети со фирмата што ја купи Соравија работи на Коридор 8 и на други патишта, криејќи се како подизведувач, изјави денес Драган Ковачки. -Во документите кои стигнаа до нас од страна на свиркачи, а се анализа на банката на фирмите на Ахмети, е наведено дека „Тор Индустриес“ е формирана во 2020-та година […]

Има ли иднина за „Отворен Балкан“ откако Рама го нарече „завршена мисија“?


Дали албанскиот премиер Еди Рама во саботата навести дека е можен крај на иницијативата „Отворен Балкан“? Тој во интервју зборувал за „Отворениот Балкан“ во минато време, како да е веќе завршена мисија, пишуваат албанските медиуми. „Берлинскиот процес е нашата главна оска. Отворен Балкан беше иницијатива која се роди од потребата да се турка напред кон […]

Фон дер Лајен: Иднината на ЕУ е незамислива без Западен Балкан, Украина и Молдавија


Иднината на Европската унија е незамислива без Украина, Молдавија и Западен Балкан, кој не може да се предаде на влијанието на Русија или Кина, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Мадрид.   „Да се ​​обидеме да замислиме како ќе изгледа Европа за неколку години. Може ли да ја замислиме Европската Унија […]

Гран: Безбедносното опкружување на НАТО бара долгорочно одржување на трошоците за одбраната


Состојбата со безбедноста во соседството на територијата на земјите на НАТО по руската анексија на Крим во 2014-та, а особено по инвазијата на Русија врз Украина во февруари минатата година го актуелизира прашањето за споделување на товарот на трошоците меѓу членките на Алијансата.  Како што наведува соработникот на Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР) и […]

Продолженија на четири седници на Собранието


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се закажани продолженија на 103-та, 111-та, 115-та и 117 – та седница. Како што е објавено на веб страницата на законодавниот дом, во рамки на 103-та седница меѓу точките кои треба да се разгледаат се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви, Предлог […]

„Феникс“ ги раскара партиите, сите се обвинуваат за криминал


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати низа критики на сметка на ДУИ и претседателот Али Ахмети, прогнозирајќи му дека од партиски лидер ќе заврши како обичен криминалец.  „Раководството на ДУИ не само што ја изгуби својата суштина, туку и поединци од тоа раководство на крајот од политичката кариера ќе бидат запаметени по криминалот и корупција, […]

Левица го спори Законот за матична евиденција пред Уставниот суд


 Левица поднесе иницијатива-претставка за оспорување на уставноста на дел од Законот за матичната евиденција (1995), кој предвидува внесување на националната припадност во изводите од матичните книги на родените, венчаните и умрените. -Никаде во светот личното чувство на граѓаните не се докажува со јавна исправа издадена од државен орган! Овие одредби, кои го инспирираа носењето на […]

Ахмети ги објави имињата на победниците на изборите во 14 ограноци на ДУИ


Демократската унија за интеграција денеска организираше внатрепартиски избори за избори на претседатели во 14 ограноци, како и членови, претседатели на локални совети и членови на раководството на локални совети во ограноците. По завршувањето на изборниот ден претседателот на партијата Али Ахмети ги објави имињата и истакна дека првпат се прави избор на нови локални лидери […]

Шефовите на Мисиите на ОБСЕ во Србија и Косово во Скопје


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Скопје оствари средба со шефовите на Мисиите на ОБСЕ во Србија, Косово и во Скопје, амбасадорите Јан Брату, Мајкл Девенпорт и Килиан Вал, во чиј фокус, како што информираат од МНР била состојбата на северот на Косово и односите помеѓу Белград и Приштина. […]

Ахмети: Да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите, почнувајќи од мене


Ние цврсто стоиме на ставот да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Ахмети, во изјава за ТВ21, денеска по гласањето на внатрепартиските избори во Кичево, рече дека Рамиз Мерко треба да биде под истрага и дека тој самиот не се противи […]