Рускиот амбасадор се обиде да спречи Османи да зборува пред Советот за безбедност


„Ние се спротивставувме на присуството на министерот за надворешни работи на Македонија и за тоа го информиравме албанското претседателство со Советот за безбедност. Доколку тоа  му дозволи на господинот Османи да се обрати, веруваме дека тој може да ги изрази само консензуалните позиции на ОБСЕ. Мoрам да потенцирам дека ОБСЕ, поради деструктивниот пристап на западните сили, на никој начин не придонесува во процесот на решавање на состојбата во Украина, туку само ја влошува“, рече Небензи.

На обраќањето на Османи гледаме како на обид да се претстават еднострани правила на играта, наспроти редослед заснован на правила, додаде рускиот амбасадор во ОН во своето подолго обраќање, со цел да го спречи обраќањето на Османи. Одговорот на претседавачот Рама бил дека не го разбира спротивставувањето на Русија на обраќањето на Османи, со оглед на тоа дека ОБСЕ игра важна улога и има голем придонес за состанокот.

„Доколку ми објасните подобро што е проблемот со тоа, со задоволство ќе ви објаснам“, рече Рама, кој исто така по неколку реплики со Небензи ја затвори дискусијата и дозволи обраќање на Османи и на останатите учесници на Советот за безбедност.

Зборувајќи за актуелните безбедносни предизвици, Османи потоа се осврна на руската воената агресија против Украина, истакнувајќи дека заедничката потрага по мир зависи од колективниот ангажман на ОБСЕ и ОН.