ДУИ во Чаир: Груби наречен „албански премиер“, Ахмети „командант“


Огранокот на Демократската унија за интеграција во Чаир денеска одржа настан  за промоција на проектите на секретаријатите на огранокот на ДУИ во Чаир. Меѓу многуте присутни, говор имаше претседателот на ДУИ,Али Ахмети, првиот вицепремиер  Артан Груби, потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи како и претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири. – ДУИ е […]

Османи негира дека Фатмир Битиќи ќе биде технички премиер


Во ДУИ преовладува мислењето за одржување парламентарни избори истовремено со претседателските. Партијата се уште нема официјален став во однос на ова прашање, но се прават координации на дневна основа и сите опции се отворени, истакна вечерва министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи. Османи во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ […]

Заедничките безбедносни предизвици во фокусот на министерски состанок ЕУ-Западен Балкан


Заедничките безбедносни предизвици наспроти позадината на постојаните глобални и регионални безбедносни закани, беа во фокусот на вечерашната средба во Брисел на шефовите на дипломатиите на државите од Западниот Балкан и на земјите членки на Унијата, што се одржа под претседателство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.  Земјава на министерскиот […]

Борел: ЕУ сака да го вклучи Западен Балкан во процесот на донесување одлуки пред членството во Унијата


  Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел вечерва во Брисел изјави дека ЕУ сака да го вклучи Западен Балкан во процесот на одлучување, како за надворешната така и за безбедносната политика, пред влезот на регионот во Унијата. Додека претседаваше со состанокот на министрите за надворешни или европски работи на членките на ЕУ и шесторката од […]

Се уште нема потврда за учеството на Лавров на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје


Можните кандидати за претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ за 2024 година ќе биде една од темите на Состанокот ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи попладнево во Брисел со кој ќе претседава високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел, изјави министерот за надворешни работи […]

Џентилони: Новиот геополитички контекст е нов поттик во проширувањето, да се искористи оваа можност


Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони на панел дискусијата  „Градење економска соработка во тешки времиња“ на 20-от Виенски економски форум, истакна дека новиот геополитички контекст е нов поттик во проширувањето. – Овој нов поттик е всушност можност за Западен Балкан и тоа е можност да се надминат тешкотиите, ветата, бавноста со која се соочувавме во изминативе […]

„Пријателите на Западен Балкан“ предлагаат мерки за соработка на регионот со ЕУ


  Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг заедно со групата „Пријатели на Западен Балкан“ покренаа иницијатива чија цел е да го намали влијанието на Кина и Русија во Југоисточна Европа и поблиску да ги поврзе балканските земји со Европската унија. Иницијативата треба да биде корисна за двете страни. Тоа треба да им овозможи на […]

Трите албански партии формираа и пратеничка група


  Ќе одат заедно на избори, а од сега ќе бидат заедно и во Собранието. Трите партииод албанскиот опозициски блок – Демократско движење, Беса и Алтернатива, кои неодамна ја формираа коалицијата „Европски сојуз за промени“, денеска на прес-конференција најавија дека отсега во Собранието ќе дејствуваат во рамки на заедничка пратеничка група. За координатор на пратеничката […]

Борел на средба со министрите од Западен Балкан за извештаите за прогрес


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска изјави дека на проширен состанок со министрите на земјите од Западен Балкан ќе разговара за неодамна усвоениот извештај на Европската комисија за проширувањето . Тој на новинарите пред министерскиот состанок изјави дека ЕУ покажала колку тој регион и е важен. „Ќе разговараме за […]

СДСМ обвинува за „бизарно трошење пари“ од ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата возвраќа за „Чебрен“


СДСМ објави денес дека во Зрновци „ под капата на ДПМНЕ се случуваат скандалозно, бизарно и нелогично трошење на народните пари“. -Директорка назначена од ДПМНЕ преку сметка на основното училиште во Зрновци купила гејмерска столица од 9.999 денари, хибриден брич од 6.374 денари и смути блендер. Општина Штип пак со ДПМНЕ ја тресе афера на […]

Левица: Рама го поддржува бугаризирањето на Македонците во Албанија


Во соседна Албанија, на 18-ти септември започна пописот преку кој власта на Еди Рама, помага за бугаризација на Македонците во повеќе општини, како дел од заедничките цели на Софиската и Tиранската платформа – тврди Левица. -Македонците од Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, како и во останатите места каде што живеат во Албанија, укажуваат на константен притисок од страна на […]

Лорета Ѓоргиева и Миљазим Мустафа поднесоа оставки од Советот за ИКТ до министерот Лога


Членовите на Судскиот совет, судијата Лорета Ѓоргиева и м-р Миљазим Мустафа, доставија оставки до министерот за правда, Кренар Лога, и се повлекоа од членство во Советот на ИКТ, бидејќи сметаат дека нивното натамошно учество во ова тело е нецелисходно, соопштуваат од Судскиот совет. – Советот на ИКТ дејствуваше како тим со неговиот претседател Лазар Нанев […]

Состанок на Експертската мрежа на ОБСЕ во Скопје


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе го отвори состанокот на Експертската мрежа на ОБСЕ – Стратегиско предвидување во променлива средина: Перспективи за соработка и безбедност во Европа – Градење на експертска мрежа на ОБСЕ што се одржува во Скопје. Воведно обраќања ќе има и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга […]

Шекеринска потпретседател, а Маричиќ член на претседателството на Партијата на европските социјалисти


  Делегатите на конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) што се одржува во Малага, Шпанија, ги избраа членовите на новото раководство во кое се наоѓаат и двајца претставници на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Радмила Шекеринска повторно е избрана за претседател на ПЕС, а Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка на СДСМ, за член на […]

Мицкоски: Убеден сум дека ДУИ ќе оди во опозиција, ќе дадеме шанса за коалиција со сегашната опозиција


ДУИ ќе оди во опозиција, а ВМРО-ДПМНЕ би коалицирал евентуално со сегашниот обединет албанск блок партии по следните избори, соопшти лидерот на македонската опозициска партие ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мисцкоски. – Убеден сум дека на следните избори ДУИ ќе биде многу непријатно изненаден од бројот на освоени гласови и пратеници во македонскиот Парламент – изјави претседателот на […]

ВМРО-ДПМНЕ планира да спречи средното образование да стане незадолжително


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинува дека Владата сака да го укине задолжителното средно образование за учениците, односно тоа да стане незадолижтелно. – Во неможност да го модернизираат, на СДС и ДУИ полесно им е да го укинат задолжителното средно образование.  Нешто што во минатото беше задолжително и бесплатно, го направија неквалитетно, а сега ќе стане и […]

Билал Касами бара нова химна и ново знаме


  Движењето Беса е за што поскоро одржување на парламентарните избори, рече вечерва нејзиниот лидер и градоначалник на Тетово, Билал Касами. Според него, во коалицијата „Европски сојуз за промени“ каде покрај Беса се и Алтернатива и Демократско движење, се разговара за претседателски кандидат на државата, но се уште не се спомнува конкретен предлог, ниту нечие […]

Ковачевски се сретна со О’Брајан, новиот функционер на САД задолжен за регионот


  Премиерот Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Париз, се сретна со помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан. Ова е прва средба на премиерот со новоименуваниот помошник-државен секретар, кој стапи на должност минатиот месец. На средбата, Ковачевски и О’Брајан го реафирмираа значењето на цврстото стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија […]

И ЕПИ не виде „назадување“ во извештајот на ЕК, но гледа опасност за преговорите


  Институт за европски политики (ЕПИ) излезе денес со „свидетелството“ за реформите на Македонија што ни го даде ЕК, од кое се гледа најтехнички колку стагнирала и колку воопшто напредувала Македонија во однос на лани, бидејќи оценка за „назадување“ нема. Според Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ, целокупната оценка за нашата подготвеност за членство во ЕУ […]

Делегација од Саудиска Арабија кај министерот Османи


  Делегација од Саудиска Арабија на чело со министерот за економија и планирање  Фаисал Алибрахим денеска беше на средба со шефот на дипломатијата Бујар Османи, на која најмногу се разговараше за економската соработка и трговската размена. МНР соопшти дека на состанокот Османи истакнал дека Министерството за надворешни работи става посебен акцент на економската дипломатија, за […]