ВМРО-ДПМНЕ му остава на Мицкоски да ги избере кандидатите за техничката влада


Фото: Б. Грданоски

 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва го помина формалниот филтер со кој нејзините кандидати ќе учествуваат во техничката влада. Потпретседателот Тимчо Муцунски по седницата на Извршниот комитет изјави дека телото донесло одлука нејзини претставници да учествуваат во техничката влада „кои ќе ја надгледуваат регуларноста на процесите во предизборниот период“.

Тој додаде дека се очекуваЦентралниот комитет на партијата да го овласти претседателот на партијата Христијан Мицкоски да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада, а нивните имиња ќе бидат соопштени по Водици.

Партијата избрала 472 делегати за конвенцијата за избор на кандидатот за претседател на државата.