Врвот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одлучи за министрите и дополнителните заменици во техничката влада


Фото: Б. Грданоски

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи седници на Извршниот и на Централниот комитет. Засега нема официјална најава за тоа дали од овие седници ќе произлезат заклучоци за тоа кој ќе бидат министрите и дополнителните заменици министри од партијата во техничката влада која треба да се формира најдоцна на 28 јануари.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски по литургијата на Божик, најави дека на 11 јануари на седници на овие тела на партијата ќе се разговара за имињата на кандидатите за министри и заменици-министри за техничката влада, но не кажа дали тие вечерва ќе бидат соопштени. Во изјава претходно, Мицкоски рече дека имињата на министрите ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти после Водици.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од партиската пратеничка група попладнево во 15,30 часот ќе оди на средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски. 

Извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од техничката Влада, но Мицкоски ќе им предложи на сопартијците да донесат одлука во Собранието пратениците да се воздржат од гласање за Талат Џафери за премиер на преодната Влада.