Ковачевски: Демократијата е како кислород, не ја враќајте државата во дивите времиња на ВМРО-ДПМНЕ
Со порака да се здружат силите на патот кон Европската Унија, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија вечерва го одржа завршниот митинг во Скопје, непосредно пред изборите закажани за среда. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на присутните граѓани им порача дека двојните избори на 8-ми се последниот повик за Европа и од тоа нема да се откажат. […]