Ковачевски: Бурек економија не постои, но сега можат да се купат 100 четвртини повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ


Актуелниот претседател Стево Пендаровски се очекува да биде промовиран официјално за претседателски кандидат на СДСМ на Конгресот на партијата закажан во недела, но откако одлуката за тоа ќе помине низ партиските тела – Извршниот и Централниот одбор, вели претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски. Тој во гостувањето во Дневникот на телевизија „Сител“ појаснува …

Ковачевски: Бурек економија не постои, но сега можат да се купат 100 четвртини повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата


Извршниот одбор на СДСМ во проширен состав на денешната седница во Штип, ја разгледал информација за спроведената постапка за можни кандидати за претседателските избори и, како што наведуваат од партијата, по сите анализи, разговори и спроведени истражувања на јавното мислење, го поддржал Стево Пендаровски за свој кандидат. -Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги …

Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата Read More »

ИЗБОРИ 2024/Комплетиран составот на ДИК, избран Абдуш Демири за член на Комисијата


 Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 145 седница, без расправа, попладнево го изгласа Абдуш Демири за член на Државната изборна комисија. За одлуката гласаа 90 пратеници, без ниту еден глас против и воздржан.  Демири е предлог за член на ДИК од партиите од Европскиот сојуз за промени. Вториот кандидат, кој се повлече, беше …

ИЗБОРИ 2024/Комплетиран составот на ДИК, избран Абдуш Демири за член на Комисијата Read More »

Македонија досега дала помош од 60 милиони евра за Украина


Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на пленарната сесија на самитот Украина – Југоисточна Европа кој се одржува во Тирана. Претседателот Пендаровски во своето обраќање нотираше дека неодамнешната одлука на Советот на ЕУ да обезбеди помош од 50 милијарди евра, како и изгледите дека американскиот Конгрес ќе издвои околу 90 милијарди долари, се активности во …

Македонија досега дала помош од 60 милиони евра за Украина Read More »

Лога го дисциплинира Уставниот суд откако му ја укина „националноста“ во документите


Министерот Кренар Лога ја поздравува одлуката  на Уставниот суд  за укинување на  уште еден пропис по поднесена Иницијатива  за пречекорување на уставниот рок за објавување во Службен весник. Со оваа одлука се укинува Правилникот за формата и содржината на прекршочнниот платен налог, донесен од министерот за животна средина (Службен весник на Република Северна Македонија број …

Лога го дисциплинира Уставниот суд откако му ја укина „националноста“ во документите Read More »

Делегација на ЕУ: Земјава да продолжи да ги почитува меѓународните договори, признавањето на пасошите е работа на секоја членка одделно


  Важно е Северна Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучувајќи ги и заложбите поврзани со замена на патните исправи, содржани во Преспанскиот договор, нагласува Делегацијата на Европската Унија во земјава за МИА. На прашањето за ставот на ЕУ во врска со предложените законски измени за продолжување на важноста на патните исправи до …

Делегација на ЕУ: Земјава да продолжи да ги почитува меѓународните договори, признавањето на пасошите е работа на секоја членка одделно Read More »

Ванковска стигна до 7.800, а Јакимовски до 6.600 потписи


  Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски веќе ги собраа потписите за да ја официјализираат кандидатурата за претседател, а на Билјана Ванковска и на Стевчо Јакимовски веројатно ќе им треба уште неколку дена. Професорката Ванковска заклучно со 27 февруари во 20 часот има собрано 7.876 потписи, додека градоначалникот на Карпош, Јакимовски, 6.676. Уште по …

Ванковска стигна до 7.800, а Јакимовски до 6.600 потписи Read More »

Претседателот Пендаровски на Самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана


Претседателот Стево Пендаровски денеска престојува во работна посета на Тирана, Република Албанија, каде што ќе учествува на Самитот Украина – Југоисточна Европа, соопшти неговиот кабинет. Претседателот Пендаровски ќе се обрати на пленарната сесија на Самитот, а предвидено е да оствари и билатерална средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На Самитот Украина – Југоисточна Европа …

Претседателот Пендаровски на Самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана Read More »

Започнува јавниот увид во Избирачкиот список


Јавниот повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за избор на претседател на 24 април и за избор на пратеници во Собранието на 8 мај започнува денеска и ќе трае до 18 март 2024 година до полноќ. Сите заинтересирани граѓани на Република Северна Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот …

Започнува јавниот увид во Избирачкиот список Read More »

Собранието ќе ја одржи 145. седница: избор на член на ДИК, продолжување на важноста на пасошите, законот за игри на среќа…


 Собранието денеска треба да ја започне 145. седница на која на дневен ред, меѓу другите, се Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во трето читање, и избор на член на Државната изборна комисија.  На седницата се очекува Абдуш Демири да биде избран за член на највисокото …

Собранието ќе ја одржи 145. седница: избор на член на ДИК, продолжување на важноста на пасошите, законот за игри на среќа… Read More »

Максим Димитриевски собра 10.000 потписи за кандидат за претседател


Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски собра 10.000 потписи за кандидат за претседател. „Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа“, напиша Димитриевски вечерва на својот профил на „Фејсбук“.  

Собрани 10.000 потписи за кандидатурата за претседател на Арбен Таравари


Европскиот сојуз за промени вечерва објави дека Арбен Таравари, кој го предводи едното крило на Алијансата за Албанците и е нивен кандидат за претседател, ги собрал потребните 10.000 потписи потребни за кандидирање на изборите за Претседател на државата закажани за 24 април 2024.  Шефот на изборниот штаб Башким Бакиу им се заблагодари на граѓаните за …

Собрани 10.000 потписи за кандидатурата за претседател на Арбен Таравари Read More »

Агелер очекува изборна кампања за суштински прашања, а не лични напади


Американската амбасадорка Анџела Агелер се надева дека дискурсот на изборната кампањата ќе се фокусира на суштинските прашања, а не на лични напади. Таа порача кандидатите од целиот политички спектар да запомнат дека изборите се за граѓаните, но и за иднината на оваа држава. „Кога би можела да дадам една препорака до кандидатите од целиот политички …

Агелер очекува изборна кампања за суштински прашања, а не лични напади Read More »

Може ли Украина да го престигне Западен Балкан на патот кон ЕУ?


Откако Украина и Молдавија го започнаа својот официјален процес на интеграција во ЕУ во 2022 година, можноста новите кандидати да „скокнат во редот“ создаде немир во Западен Балкан. Иако притисокот за нивно пристапување во ЕУ беше резултат на избувнувањето на војната во Украина, релативно брзото темпо со кое овие земји се движат досега не е …

Може ли Украина да го престигне Западен Балкан на патот кон ЕУ? Read More »

ДУИ и при формирањето на владата ќе бара претседателот да се избира во Собранието


  Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција, Арбр Адеми на денешната прес-конференција истакна дека барањето на ДУИ претседателот на државата да се бира во Собрание ќе остане и при составувањето на идната влада. „Ова барање ќе биде и по првиот и вториот круг на претседателските избори, и по парламентарните избори, и при составување …

ДУИ и при формирањето на владата ќе бара претседателот да се избира во Собранието Read More »

СДСМ и коалицијата поднесоа измени на шест закони за да се спречи зголемувањето на платите на функционерите


Пратеничката група на СДСМ и коалиција поднесоа измени на шест закони, со кои, како што велат, ќе се спречи зголемувањето на платите на функционерите. Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски на денешната прес-конференција соопшти дека со овие законски измени ќе бидат опфатени околу 1.060 именувани и избрани лица. -Пратениците на СДСМ и Коалицијата поднесоа измени на …

СДСМ и коалицијата поднесоа измени на шест закони за да се спречи зголемувањето на платите на функционерите Read More »

Костовски ги нарече „памфлет“ измените за патните исправи што ги предлага Тошковски


  Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски на денешната прес-конференција информира дека нивната пратеничка група ќе гласа „за“ Абдуш Демири за нов член на Државната изборна комисија, кој е поддржан од партиите од албанската опозиција. Изборот на член на ДИК е на дневен ред на утрешната закажана 145. седница на Собранието како трета точка. „Пратениците на …

Костовски ги нарече „памфлет“ измените за патните исправи што ги предлага Тошковски Read More »

Митрески за пасошите: Меѓународните договори не можат да се менуваат со закон


Претседателот на Собранието Јован Митрески, на новинарско прашање дали мнозинстовото во законодавниот дом утре ќе даде поддршка за продолжување на важноста на патните исправи, одговори дека меѓународните договори не можат да се менуваат со друг закон. -Според информациите што ги добивам е дека тој закон нема да ги реши проблемите и дека е спротивен на …

Митрески за пасошите: Меѓународните договори не можат да се менуваат со закон Read More »

Пендаровски: Борис Трајковски не беше сам, со него беа граѓаните


Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер се обрати на комеморативниот настан по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата, што се одржа во Националната опера и балет.    -Денеска се навршуваат 20 години откако го загубивме претседателот Борис Трајковски. Оваа вечер се сеќаваме на неговата трагична смрт, заедно со осуммина негови соработници и мои драги …

Пендаровски: Борис Трајковски не беше сам, со него беа граѓаните Read More »

Димитриевски стигна до 8.400 потписи, Ванковска до 6.200


  Сосема веројатно дека на претседателските избори ќе има најмалку седум кандидати кои ги исполнуваат законските услови за нив да се гласа во првиот круг на 24 април. Според денешното известување на Државната изборна комисија за бројот на собраните потписи до 20 часот на 26 февруари кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, го поминал прагот од …

Димитриевски стигна до 8.400 потписи, Ванковска до 6.200 Read More »