Битиќи: Заплашувањата на ВМРО-ДПМНЕ не дадоа резултат и во време на режимот


@Ништо не е променето во функционирањето на ВМРО ДПМНЕ – ниту од периодот кога беа во опозиција изминатите 7 години, а ниту од 11-те години режим предводен од бегалецот во Будимпешта. Се обидуваат со лажни и перфидни објави да ја доведат јавноста во заблуда и потоа истите тие таканаречени информации ги споделуваат преку нивната армија […]

Ангелов: Не може да има преговори за нешто што е договорено


Бугарскиот амбасадор во заминување, Ангел Ангелов, денеска пред медиумите рече дека дека нема да има нови преговори помеѓу Македонија и Бугарија затоа што, како што рече тој, тие се завршени. Бугарскиот амбасадор во Скопје,кој си заминува в петок,речедека очекува Македонија да започне со исполнување на тоа што е договорено досега. Се надева оти Бугарија по […]

Таравари: Не верувам дека ќе помине интерпелацијата за Гаши


Министерот за здравство Арбен Таравари смета дека ќе биде неуспешна интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши, поднесена од политичката партија Левица, но вели дека сепак ќе биде можност за опозицијата да прави спектакл. -По тоа што слушам не верувам дека ќе помине. Поголемите партии коишто се коалициски, тие што се во Владата, […]

„Приказни за мали деца“: Филипче за тврдењата на владата дека нема пари за повисоки плати


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ги оцени тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека нема пари за зголемување на платите на работниците како „приказни за мали деца“. Владата на СДСМ во време на најголема здравствена и економска криза можеше да покачува плати, Христијан Мицкоски и неговата влада само покажуваат колку се неспособни, бидејќи не […]

Мицкоски ќе ја менува Историската комисија, сегашната не ги штитела националните интереси


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите најави дека во периодот што следи ќе има кадровски промени во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.  Според Мицкоски, актулниот состав на зедничката историска комисија од македонска страна не ги оправдала очекувањата и не ги штитела националните интереси. […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара злоупотреби во изминатите седум години


Премиерот Христијан Мицкоски рече дека во идниот период ќе има сведочења за она што се случувало во изминатите седум години и злоупотреба на народни пари, не само за случајот со екс министерката за култура, туку и со други луѓе. „Не само за случајот со Бисера, од есен ќе сведочиме за она што се случувало во […]

Мицкоски: Купуваат трговски центри со искрадени народни пари и заговараат дестабилизација


Премиерот Христијан Мицкоски повтори денес дека има политички структури и сили во државата кои сакаат да предизвикаат етнички инцидент за да можат да го заштитат богатството  што го искрале изминативе седум години од граѓаните без разлика на нивната етничка припадност.  – Не смееме како граѓани тоа да го дозволиме и како Влада и како претседател […]

Ист рефрен, различни актери: Меџити вели нема да има амнестија за политичката корупција


Првиот човек на Демократското движење, Изет Меџити, на прославата на годишнината од формирањето на парт ијата, рече дека пред една година многу работи изгледале невозможни и неостварливи, но денес, како што додаде, Движењето е распространето на целата територија на државата. Според него, демократијата е обновена и режимот ги прави последните чекори пред целосен колапс. „Пред […]

Костадиновска: Место да гуглаат продавници и да шират лаги, ВМРО-ДПМНЕ нека се фатат за работа


Додека народот чека ВМРО-ДПМНЕ да почне нешто да работи како власт и да ги исполни изборните ветувања, тие снимаат прес-конференции на кои со драматично изнесување на лаги сакаат да ја дефокусираат јавноста од нивните скандали кои ја тресат актуелната власт. За да ја сокријат неспособноста на нивната влада и досегашните злоупотреби на службената положба на […]

Се предаде осомничен за „27 април“ кој седум години бил во бегство


По седум години во бегство, на граничниот премин “Деве Баир”, на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти се предаде Дејан Давидовски-Дешо, јавува Канал 5. Тој бил баран по меѓународна потерница од страна на МВР за упадот во Собранието или во народот познат како случај „27 април“. Осомничен е за злосторничко здружување и загрозување […]

Лефков објави „скандал Бисера Антоанета”


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ обвини денес дека во т.н. скандал “Бисера Антоанета” претходната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во текот на четири дена во Лондон  купувала со народни пари чорапи и хулахопки, плишана мечиња, фудбалски топки, куфери и потрошила  714 фунти.  -На почеток сакаме да нотираме дека согласно уредба е регулирано трошоците кои ги прави […]

Левица: Поранешни функционери на ДУИ и роднини на Меџити, директори на МЕПСО и „НОМАГАС”


Владините кадровски решенија за директори продолжуваат онаму каде што застана режимот на СДС и ДУИ, тврди Левица. Според партијата,  дел од новите директори се директни роднини на вицепремиерот Изет Меџити – со што станува јасно дека непотизмот, наместо професионализмот, се приоритети на коалиција ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ. -Имено, за директор на МЕПСО претходно беше назначен Бурим Љатифи, прв […]

Тошкоски очекува повеќе признанија за сторени кривични дела


Во интервју за ТВ Сител министерот за внатрешни работи Панче Тошковски запрашан за најавите за водење на истраги низ институциите кои индицираат големи криминали, нагласи дека истраги имало, има и ќе има и потенцираше дека тие се водат врвно професионално и очекува силни ефекти од истите. „Јас не се сеќавам во последните дваесеттина години од […]

Демократско движење го одбележа првиот роденден


Со свечена церемонија на плоштадот Скендербег во Скопје, меѓу политичари, дипломати и активисти, Демократското движење ја одбележа првата годишнина од основањето. Лидерот на Демократското движење пред присутните рече дека оваа прва година партијата ја наоѓа како успешна и со сеопфатен раст. -Пред една година, кога го создадовме Демократското движење, многумина се сомневаа во можноста за […]

Тошковски без прецизен одговор за бегството на Рамадани, чека да се произнесе Обвинителството


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва го повика Јавното обвинителство „максимално брзо и ефикасно“, да постапи согласно сите потребни процесни дејствија што треба да се преземат во насока да се расветли бегството на Блерим рамадани. Прашан за бегството на косовскиот државјанин Рамадани, лице барано од страна на Интерпол за сторено кривично дело во Србија, […]

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја враќа политиката на евтина работна сила


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Берово оцени дека првите месеци од работата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се големо разочарување, а најразочарани се работниците кои се надевале на повисоки плати. „Се сретнав со работници, со млади и возрасни. Кај сите нив има огромно разочарување од првите месеци на Владата. Најразочарани се работниците и оние […]

Портпаролот на коалицијата Вреди ја замрзнува функцијата по обвинувањата за неговиот татко


Потпаролот на коалицијата Вреди, Фари Хисени, денеска преку социјалните мрежи соопшти дека привремено ќе ги замрзне политичките активности, поради како што наведе самиот постапка од обвинителствот против неговиот татко. Претходно во текот на денот, Јавното обвинителство соопшти дека отвори истрага против 58 годишен скопјанец поради преземени полови дејствија против малолетник роден 2008 година. Обвинителството во […]

Никој не се плаши од Тошковски, дури ни криминалците, велат од СДСМ


СДСМ денеска ги оцени како смешни изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека министерот бил напаѓан заради тоа што СДСМ се плаши од него. Во реакцијата до медиумите од најголемата опозициска партија велат дека од Тошковски не само што не се плаши СДСМ, туку не се плашат ниту криминалците по улиците. „Затоа имаме секојдневни грабежи и […]

Денот на независноста на Украина одбележан во Скопје


Амбасадата на Република Украина денеска со пригодна свеченост близу споменикот на Тарас Шевченко во центарот на Скопје го одбележи 24 Август – Денот на независноста на државата. По симболичната поворка со знамето на Украина до Украинската алеја, обраќање имаше вршителот на должност амбасадор на Украина во државава Дмитро Керечанин. – Денес го одбележуваме најважниот празник […]

СДСМ биле исплашени од Тошковски, затоа барале негова оставка, смета Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски, смета дека СДСМ бара оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поради фактот што, како што рече, „тие се исплашени од Тошковски“ бидејќи гледаат дека сега секој е одговорен пред законот. – Јас СДСМ ги разбирам, не можам да ги оправдам, но ги разбирам. Зошто ги разбирам а не можам да […]