Дел од „Илинденска“ со посебен сообраќаен режим поради снимање на филм


Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска и утре од 21 до 6 часот на булеварот „Илинден“ во близина на Градскиот поради снимање филм во организација на ДФПУ„ВЕРТИГО ВИСУАЛ“ ДОО Скопје. Од овие причини, како што информира МВР, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги […]

Околу 1.600 домаќинства аплицирале во Град Скопје за субвенции за набавка на инвертери


Исцрпени се средствата предвидени за субвенции за набавка на инвертери за 2019 година, односно до денеска до 15 часот се пристигнати околу 1.600 барања, информираат од Град Скопје. -Со ова, условот за завршување на јавниот повик на Град Скопје е исполнет, а барањата на граѓаните за надоместување на дел од трошоците за набавка на инвертери […]

Патот кон Теферич денеска и утре затворен за сообраќај


Патот којшто води кон населеното место Теферич денеска и утре ќе биде затворен за сообраќај поради изведување градежни работи. Општина Кисела Вода апелира учесниците во сообраќајот да бидат трпеливи и да имаат разбирање додека се одвиваат работните активности. 

Во Маџир маало на ул. „Петричка“ се гради канализација и се обновува водоводот


Се поставува атмосферска и фекална канализација и се реконструира водоводната мрежа на ул. „Петричка“ во Маџир маало во Општина Центар, во должина од 450 метри квадратни. – Инвестицијата изнесува осум милиони евра, што општината ги доби како грант од Министерството за транспорт и врски, информираа денеска на стартот на градежните работи градоначалникот на Центар Саша […]

Детската улица „Тоше Проески“ останува непроменета – нема да се градат згради


Откако по некои портали и социјалните мрежи се прошири информација дека на почетокот на детската улица во Ново Лисиче, предвидена е изградба на згради на местото на зеленило, Општина Аеродром соопшти дека тоа се невистинити информации. – Најостро го осудуваме обидот да се дискредитира локалната власт и апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажните […]

Општина Центар субвенционира поправка на покриви и неисправни лифтови


Врз основа на Програмата за измени и дополнувања на комунални дејности на Општина Центар – Скопје за 2019 година, објавува повик за субвенции за замена на покриви и поправка на лифтови. Финансиската поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови на станбени згради на подрачјето на Општина Центар изнесува 30 отсто […]

Скопските булевари добија нов асфалт


  Деновиве интензивно се завршуваат градежните работи на повеќе булевари во главниот град, по летната инвазија за реконструкција на коловозите. Меѓу последните завршени беше улицата „Индира Ганди“ која е обновена по должина од 1.100 метри, на потегот од крстосницата со улицата „Босна и Херцеговина“ и булеварот „Словенија“ до улицата „Бутелски венец“. Во текот на изминатиов […]

„Стоп“ за ноќните мототрки


По зачестените сообраќајни несреќи со мотоцикли во Скопје, полицијата реализираше акција, сакајќи да ги пресретне брзите и диви возачи што сеат страв по улиците. Во петчасовната акција спроведена во ноќта меѓу четвртокот и петокот, откриени се 40 возачи на мотори што го прекршиле законот, против кои се поднесени исто толку платни налози. Покрај тоа, поради […]

Близу 200 казни за возачи на мотори и автомобили во Скопје, пронајдена и дрога


Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 06:00 до 24:00 часот санкционира 24 возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. При контролата, како што информираат од МВР, откриени се и 77 останати прекршоци за кои се издадени 58 мандатни платни […]

Се поголем интересот за органски производи, промоцијата слаба


Временските непогоди, се уште неорганизираниот и незагарантиран пласман, како и слабата промоција, се клучните предизвици со кои во моментов се соочуваат домашните производители на органска храна. Како што рекоа денеска на Фестивалот за органска храна во Скопје, задоволни се од субвенциите, иако сметаат дека државата може да одвои малку повеќе поддршка. Според производителите, од органското […]

Училиштето „Цветан Димов“ доби енергетски ефикасна фасада


  Средното училиште на Град Скопје „Цветан Димов“ од денеска има нова, енергетски ефикасна фасада со променет, модерен изглед во специфичен визуелен и естетски стил. Фасадата е изработена од алуминиумски композитни панели во боја и соодветна подлога во согласност со најсовремените светски стандарди за противпожарна заштита, енергетска ефикасност и подобрена термичка и звучна изолација. Училиштето […]

Учениците изложени на сајбер булинг, да се зголеми свеста за превенција


Неопходно е сите да се вклучат во кревање на свеста за опасностите на кои се изложени и да се превенира сајбер булингот на кој во светски рамки биле подложени 43 проценти од децата, а е присутен и кај нас, апелираа денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, […]

Казнети 40 мотоциклисти, задржани 13 мотори


Во периодот од 19.30 во четвртокот до 1 по полноќ Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли. При контролата, соопшти денеска МВР, откриени се 40 возачи на мотоцикли кои сториле прекршоци, за што им се издадени […]

Ноќна акција за отстранување непрописно паркирани возила во Општина Центар


ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со СВР Скопје синоќа спороведе акција за отстранување на непрописно паркирани возила на најфреквентни локации во Капиштец и Дебар Маало. Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ најголем број непрописно паркирани возила се санкционирани во близина на ноќните локали и кафеани, каде има најголем број на […]

Во понеделник автобусите на ЈСП кон жичницата по неделен возен ред


Од ЈСП Скопје информираат дека во понеделник, поради неработниот ден по повод државниот празник 8 Септември-Ден на независноста, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а по неделен возен ред ќе сообраќаат и автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка […]

Се уште активен пожарот на потегот Страчинци – Брњарци


Пожарот на потегот Страчинци – Брњарци на планината Скопска Црна Гора се уште е активен, информираа утринава за МИА од Противпожарната единица на Град Скопје. Пожарот избувна вчера попладне и гори нискостеблеста шума. Непристапниот терен и ветарот ја отежнуваа работата на пожарникарите.

Голем интерес за субвенции за енергетски ефикасни домови во Кисела Вода


За добивање субвенции, за „енергетски ефикасни домови“, од 2 септември досега голем број граѓани поднесоа апликации. Општина Кисела Вода овој голем проект го реализира во соработка со Здружението за хумано домување Хабитат – Македонија. Со реализацијата на проектот жителите на Кисела Вода ќе добијат потопли домови и ќе заштедат финансиски средства. За успешно реализирање на […]

Во следните три дена затворен патот за Теферич


Општина Кисела Вода информира дека од петок, од 9 часот до понеделник до 9 часот, заради изведба на градежни работи ќе биде затворен за сообраќај патот кој води кон населеното место Теферич. Локалната самоуправа ги замолува учесниците во сообраќајот за трпение и разбирање додека се одвиваат градежните активности на истиот.

Субвенциониран оброк за сите ученици во Карпош


Со одлука на Советот на Општина Карпош, од оваа учебна 2019/2020 година, учениците од сите основни училишта во Карпош ќе имаат можност да добиваат субвенционирана ужинка. – Надоместокот кој Општината ќе го покрива, ќе биде 50 отсто од месечната цена за ужинка. Досегашната практика, децата од прво до петто одделение да добиваат бесплатни ужинки се […]

„Киро Глигоров“ да биде модел за сите училишта


  Општината им го изгради, а учениците на паметните табли го нацртаа новото основно училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец, кое во средата беше официјално пуштено во употреба. Првачињата седнати во клупите боеја цртеж од училиштето, а едно од нив на паметната табла постави покрив и со два потега го обои во црвено. Тие добија […]