Шилегов: Да не дозволиме „Скопје 2014“ да го уништува Скопје и натаму


Истакна дека не смееме да дозволиме проектот „Скопје 2014“ да продолжи да го уништува тоа што остана неуништено во градот.

-Затоа не смеат да се градат „Шпанските скали“. На Скопје му требаат нови паркови и нови зелени површини, околу ова прашање сите се согласуваме. Ние, сегашните жители на Скопје, ќе продолжиме да градиме мостови, паркови, булевари и ќе продолжиме да се грижиме и да го сакаме Скопје, истакна скопскиот градоначалник.

Истовремено, Шилегов потенцираше дека во овој период се носи Деталниот урбанистички план Мал ринг и дека Градот како институција и тој како градоначалник ќе направат се лудилата кои се случуваа во изминатиот период, повеќе да не се повторуваат.

Инаку, скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 150.000 квадратни километри, најсилно низ долината на реката Вардар (5-6 степени), но и низ цела Македонија (4-5 степени), па и во соседните држави.Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, а биле повредени над 4.000 граѓани.

Штетата од земјотресот е проценета помеѓу 3 и 5 милијарди долари, односно повеќе од целиот годишен буџет на Република Македонија.Овој долгометражен документарен филм кој одблизу ќе ви ја долови катастрофата која се случила во тоа време: