Во последните 24 часа во Скопје во болница се примени 43 нови пациенти со Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 497 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за …

Во последните 24 часа во Скопје во болница се примени 43 нови пациенти со Ковид-19 Read More »

Планетариум, лаборатории за хемија и физика и кабинет за уметности за учениците од Центар, Кисела Вода и Карпош


На денешната дваесетта седница на Советот за развој на Скопски плански регион,  градоначалниците му дадоа поддршка на проектот за Центар за работа на талентирани ученици од општините Центар, Карпош и Кисела Вода. Општина Центар обезбеди простор од 120 метри квадратни во ООУ „Димитар Миладинов“, кои ќе бидат пренаменети во три засебни простории: лабораторија за физика …

Планетариум, лаборатории за хемија и физика и кабинет за уметности за учениците од Центар, Кисела Вода и Карпош Read More »

Отворен булеварот „Босна и Херцеговина“ во Скопје


Екипите на Град Скопје ја завршија изградбата на првиот дел од новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“, кој изминативе месеци прерасна од улица со две ленти во современо булеварско решение со шест сообраќајни ленти и комплетна инфраструктура. – Ми претставува огромно задоволство, денеска, во присуство на амбасадорот на Република Босна и Херцеговина во нашата земја, во …

Отворен булеварот „Босна и Херцеговина“ во Скопје Read More »

Отстранета диво поставената тераса на гостилницата „Аманет“


Акцијата на Општина Центар продолжува, а Секторот за инспекциски работи на Општина Центар и оваа недела продолжува со активностите за  административно отстранување на нелегалните објекти. Денеска, со градежна механизација на улицата „Павел Шатев“, бр. 2 во палатата „Емануел Чучков“, се отстрануваше нелегално поставена урбана опрема, односно челична конструкција обложена со стакло, со димензии 10 х …

Отстранета диво поставената тераса на гостилницата „Аманет“ Read More »

Во Скопје во изминатите 24 часа хоспитализирани 38 нови пациенти поради компликации од Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 38 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 491 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 23 приеми и тоа петмина пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, …

Во Скопје во изминатите 24 часа хоспитализирани 38 нови пациенти поради компликации од Ковид-19 Read More »

Општина Арачиново ќе плаќа стари долгови со парите од Владата


Парите кои ќе ги добиеме од Владата ќе ги искористат за враќање на стари долгови. Со сумата што ја добиваме можеме да вратиме само половина од долгот видејќи тој изнесува 60 милиони денари (1 милион евра), велат од Општина Арачиново која деновиве се најде на удар на јавноста поради одобрените 500.000 евра од Владата за …

Општина Арачиново ќе плаќа стари долгови со парите од Владата Read More »

Булевар „Никола Карев” ќе биде проширен од касарната „Илинден” до Момин Поток


 Следните шест месеци делот на улицата „Никола Карев”, односно „Пластичарска”, од касарната „Илинден” до Момин Поток ќе биде под интензивни градежни работи заради понатамошното проширување на овој булевар. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска изјави дека со изградбата и реконструкција оваа улица ќе има вкупно четири коловозни ленти, средишно зеленило и мешани велосипедски и …

Булевар „Никола Карев” ќе биде проширен од касарната „Илинден” до Момин Поток Read More »

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 37 пациенти


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 37 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 480 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.   Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа тројца пациенти …

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 37 пациенти Read More »

Пациентката на 30-годишна возраст што почина вчера од Ковид имала коморбидитети


Во вчерашниот извештај од Министерството за здравство стои дека се направени 3.114 тестирања, а регистрирани се 1.161 нови случаи на ковид-19.  Починати се 26 лица, седум од Скопје, а меѓу нив има и 30-годишна пациентка, која починала во болнички услови. Директорот на „8ми септември“ вели дека 30-годишна пациентка од Скопје имала дополнителни коморбидитети, односно дијабетес …

Пациентката на 30-годишна возраст што почина вчера од Ковид имала коморбидитети Read More »

Помошта од половина милион евра од Владата за Општина Арачиново е добродојдена


Откако вчера Владата одлучи да ѝ додели половина милион евра на Општина Арачиново како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради Ковид – 19 кризата, другите скопски градоначалници оценуваат дека тоа е добро, за спроведување проекти во општината. – Ние добивме проекти во вредност од 800.000 евра, за обнова …

Помошта од половина милион евра од Владата за Општина Арачиново е добродојдена Read More »

Отстранета уште една трафика во близина на Црвен крст


Продолжуваат активностите на инспекцијата на Општина Центар – денеска отстранети се уште нелегално поставени објекти. Секторот за инспекциски работи на Општина Центар и денес продолжува со активностите за отстранување на објектите кои не поседуваат соодветна документација. Денешната акција опфати еден времен објект – трафика, со димензии 2 х 1,5 метри, кој се наоѓаше на улица …

Отстранета уште една трафика во близина на Црвен крст Read More »

Вонреден инспекциски надзор во кругот на Железара: Фирмите работат без елаборати за заштита на животната средина


На барање на граѓаните од Гази Баба, Државниот инспекторат за животна средина излезе на терен и направи два вонредни надзора во индустриската зона, каде покрај Макстил, работат и повеќе други правни субјекти. Тие се жалат поради очигледното и високо загадување на воздухот минатата седмица, но и поради бучавата која што доаѓа од кругот на поранешна …

Вонреден инспекциски надзор во кругот на Железара: Фирмите работат без елаборати за заштита на животната средина Read More »

На Бадник 2021 во Скопје – кум проф. д-р Никола Пановски, а здравичар проф. д-р Миодраг Врчаковски


Традицијата на бадникувањето во Скопје продолжува и покрај ситуацијата со коронавирусот, водејќи сметка за сите заштитни мерки и протоколи, соопшти денеска Одборот за традиционална прослава на бадник во Скопје, којшто веќе ги прави подготовките за Бадник 2021. Кум на манифестацијата годинава ќе биде проф. д-р Никола Ппановски, а здравичар проф. д-р Миодраг Врчаковски. Мојсо Мојсовски, …

На Бадник 2021 во Скопје – кум проф. д-р Никола Пановски, а здравичар проф. д-р Миодраг Врчаковски Read More »

Празници се ближат во Скопје … (галерија)


Со измешани чувства ја завршуваме 2020 година. За некого беше долга, мачна и несреќна, за некого беше среќна и пролета за миг. Со надеж ја дочекуваме новата 2021. Можеби е нова, но не е безгрешна, со себе ги влече старите (не) пријатели како радоста, болката, гордоста или срамот, ќе нè израдува, ќе нè усреќи, ќе …

Празници се ближат во Скопје … (галерија) Read More »

Отстранети пет трафики спроти поранешна Градска болница


Вкупно пет времено поставени објекти – трафики спроти поранешната Градска болница отстрани денеска Секторот за инспекциски работи на Општина Центар. – Станува збор за пет времени објекти (четири киосци и една трафика), лоцирани на улица „11 Октомври“, на автобуската станица кај Зелен пазар, кои не поседуваат решенија за поставување на времен објект. Објектите со градежна …

Отстранети пет трафики спроти поранешна Градска болница Read More »

Уништиле дрворед на булевар за да си направат пат


Дел од новиот дрворед на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел изминатово деноноќие е уништен од несовесни граѓани.   Инспектори од Инспекторатот на Град Скопје се излезени на самото место и го истражуваат овој случај на уништување на градското зеленило, а кон сторителите ќе биде изречена казна.   Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ доби нов дрворед …

Уништиле дрворед на булевар за да си направат пат Read More »

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за заедничко вршење инспекциски надзор со општините


Советот на Град Скопје денеска ја усвои предлог-одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари за заедничко вршење на надлежностите од областа на инспекцискиот надзор. Меѓуопштинската соработка ќе се врши преку здружување на човечките ресурси и нивно ефективно и рационално …

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за заедничко вршење инспекциски надзор со општините Read More »

Урнати две дивоградби на „Водњанска“


Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, денес со механизација отстрани два нелегално изградени објекти на улицата „Водњанска“, односно една импровизирана градба и една дрвена барака. Откако инвеститорите на двата објекти не постапија по решениjaтa издадени од Секторот за инспекциски работи, кои налагаат самите тие во законски предвиден рок од три дена самостојно да ги …

Урнати две дивоградби на „Водњанска“ Read More »

Кањонот Матка да стане споменик на природата


Советниците на Град Скопје, денеска ќе го разгледуваат и предлогот за прогласување на заштитениот локалитет „Кањон Матка“ за споменик на природата. Советот на Град Скопје му предлага на Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе постапка за ревалоризација и прогласување на заштитениот локалитет на подрачјето на Град Скопје „Кањон Матка“ за споменик на …

Кањонот Матка да стане споменик на природата Read More »

Засадени повеќе од 500 дрвја кај кружниот тек во Чаир


  Повеќе од 300 нискостеблести листопадни растенија и девет зимзелени садници се засадени на новоизградениот кружен тек во Чаир на улиците „Кемал Сејфула“ и „Втора македонска бригада“. Денеска, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, рече дека годинава и улицата „Втора македонска бригада“, која се наоѓа во продолжение на овој кружен тек, е побогата за прекрасен дрворед и …

Засадени повеќе од 500 дрвја кај кружниот тек во Чаир Read More »