Помошта од половина милион евра од Владата за Општина Арачиново е добродојдена


Откако вчера Владата одлучи да ѝ додели половина милион евра на Општина Арачиново како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради Ковид – 19 кризата, другите скопски градоначалници оценуваат дека тоа е добро, за спроведување проекти во општината.

– Ние добивме проекти во вредност од 800.000 евра, за обнова на училишта, за инфраструктура. Не се чувствуваме обесправени што Општина Арачиново добила половина милион евра за справивање со проблемите предизвикани од Ковид-19. Ние, поурбаните општини имаме и поголеми приходи, така што не се чувствуваме обесправени – рече Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар.

И градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев смета дека Општина Арачиново добила помош од Владата за да може подобро да функционира.

– Ние, како општина аплициравме со два проекти, за што добивме горе-долу иста сума пари за спроведување, но од парите наменети за карго-аеродромот на ТАВ што требаше да се изгради во Штип – вели Богоев.

За градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, такви пари се добредеојдени за општините, затоа што ќе можат да направат некои поголеми проекти, кои со буџетот на општината не можат да ги испланираат и да ги завршат. Рече дека Општина Чаир добила помош за реализација на инфрастуктурни проекти во населбата Серава, во приближна вредност како помошта на Општина Арачиново.

За градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во услови на ковид-криза секоја помош од владата кон општините е добредојдена, а вели дека корист од тоа ќе имаат граѓаните.

Инаку, денедка овие градоначалници присуствуваа на почетокот на проширување на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска), од касарната Илинден до Момин Поток, каде ќе биде обновена целата подземна инфрастурктура и поставување атмосферска канализација, која до сега ја немало.