Доделени 81 стипендија на ученици за учебната 2021/2022 година


Со пораки за понатамошни успеси и достигнувања во областите на спортот, науката и културата, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги додели стипендиите на талентираните ученици од општинските основни училишта. Герасимовски додели вкупно 81 стипендија во висина од 2500, односно 3000 денари, средства обезбедени од општинскиот буџет, кои учениците ќе ги користат до крајот на […]

Арсовска ја назначи Бујаре Абази за заменик-градоначалничка


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја назначи Бујаре Абази за нова заменик- градоначалничка на Скопје.   Арсовска денеска свечено го врачи решението, при што на средбата со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува Градот.   Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а […]

Јакимовски: Акутните проблеми со фекалната канализација ќе се санираат со брзи интервенции


Градоначалникот Стевчо Јакимовски во придружба со претставници од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи од Општина Карпош, денеска беше во теренска обиколка на неколку локации низ општината. Целта на оваа иницијатива, информираат од прес-службата на Општина Карпош, е да се утврдат акутните приоритетни проблеми, поврзани […]

Регионалната акција „Дрво на пријателството“ – ќе се сади во Автокоманда и Железара


И оваа есен повторно се организира регионалната акција „Дрво на пријателството“ што ја спроведува Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ) во соработка со Мој Воздух/AirCare во Македонија и други локални партнери во сите земји од регионот на Западен Балкан.  На 19 и 20 ноември ќе бидат засадени вкупно 400 дрвја во повеќе градови во регионот, вклучително […]

Се гради фекална канализација во Страчинци


Во  населеното место Страчинци, Општина Гази баба, денеска започна изградбата на фекална канализацисла мрежа. – Овој проект опфаќа три крака. Крак еден, крак два и крак три во прва фаза, во вкупна должина од 710 квадратни метри. Инвестицијата е 5.173.000 денари, средства од буџетот на општина Гази Баба, изјави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски. […]

Утре започнува последната шеста фаза од реконструкцијата на „Орце Николов“


Утре почнува реализацијата на шестата и последна фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало. Овој капитален проект, кој го започна претходниот градоначалник на општината, Саша Богдановиќ, има за цел да воведе ред во сообраќајот, да даде хумана димензија и да го врати препознатливиот лик на една од најважните центарски улици, „Орце Николов“. […]

Иницијативата О2 испорача барања за усогласување на ГУП и ДУП до Советот на Скопје


Иницијативата О2 уште вчера ги испорача првите барања до градските советници, со кои се бара да се усогласат ДУП и ГУП. Невладината организација бара од сите 45 советници на град Скопје уште на првата седница да побараат: – Најитно да се тргне член 37 од текстот на ГУП на Град Скопје 2012-2022, со што ќе […]

Посебен режим на сообраќајот во Скопје поради посетата на Дуда


Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради официјалната посета на полскиот претседател Анджеј Дуда денеска и утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. – Апелираме до сите граѓани-учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите  кои  ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и […]

РСБСП организира акција за засадување дрвца во знак на сеќавање на загинатите во сообраќајни несреќи


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска во „Рајскиот Парк“ Лисиче во Аеродром ќе организира акција за засадување дрвца за оддавање почит и сеќавање на лицата кои ги изгубија животите во сообраќајни несреќи на патиштата низ земјава. Во рамки на акцијата, која ќе ја реализира раководството и советниците на РСБСП, ќе бидат […]

Делови од Ѓорче Петров и Карпош утре без струја


Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Ѓорче Петров и Карпош. Од 09:00 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улица „Браќа Галеви“ во Oпштина Ѓорче Петров, а од 9 до 14 часот корисниците од дел од улица „Франц Месеснел“ во Oпштина […]

Зелен хуман град кај Арсовска издејствува да се спроведат дел од нивните предлози


Претставници на Зелен хуман град, преку нивните советници во Град Скопје, Драгана Велковска и Горјан Јовановски), се сретнаа со градоначалничката Данела Арсовска и издејствуваа дел од нивите предлози да бидат реализирани.  Тие велат дека ги презентирале „предлозите изгласани на Граѓанскиот буџетски форум – сите наши и ваши приоритети – истакнавме дел од нив, колку што дозволуваше […]

Славески: Бесплатниот јавен превоз може да се реализира во догледно време


Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески денеска изјави дека бесплатниот јавен превоз може да се реализира во догледно време со, како што рече, зголемена ефикасност на ЈСП „Скопје“. -Во моментов и изминатите неколку години со проширувањето на правата за користење бесплатен јавен превоз, почнувајќи од пензионерите, зголемувањето на бројот на денови во работната […]

Трајко Славески ќе претседава со градскиот совет на Скопје


Со гласови на вкупно 26 советници поранешниот министер за финансии Трајко Славески денеска е избран за претседател на Советот на Град Скопје. Неговиот избор беше подржан од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците / Алтернатива и двајцата советници на ЛДП и ДОМ. Против гласаа СДСМ, ДУИ и двајцата советници на Зелен […]

(Видео) Сатирично документарно видео „Камел Трофи Аеродром 2021“


Скриншот од сатирично-документарното видео на Центарот за современи уметности Центарот за современи уметности – Скопје изработи сатирично-документарно видео „Камел Трофи Аеродром 2021“. Белиот џип „Лада“ успешно го помина патешествието низ паркинзите и останатите јавни површини во скопската населба Аеродром. „Сатирично документарното видео „Камел Трофи Аеродром 2021“ е продуцирано со желба да се помогне на неколку […]

На „Козара“ се градат седум згради, улицата градилиште


На улицата „Козара“ во моментов во градба се сдум објекти, па улицата наликува на градилиште, а видливи се и оштетувањата нанесени од двиѓењето на градежната меахнизација и градежните материјали.  Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, со инспекторите од Секторот за инспекциски работи денес извршија увид во состојбата со градежните активности на улицата „Козара“, во Општина […]

Дел од Пржино без вода


Поради уличен дефект од Ф-100 мм во населба Пржино, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Жванска“, „Наум Охридски“ и „Востаничка“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10.30 часот до санирање на дефектот.

Прво соларно кино во Кинотека- почеток на Европската недела за намалување на отпадот


Здружението Гоу Грин Скопје, во рамки на проектот „Соларни кина“, на 22 ноември го организира првото соларно кино во Кинотека. Настанот е промоција на еко-иновацијата „Мобилна станица за селекција“ која овозможува селектирање на 6 вида отпад хартија, пластика, текстил, батерии, стакло и лименки. На станицата ќе има приклучено соларни панели кои овозможуваат кино проекции. Проекцијата […]

Советот на Ѓорче Петров го усвои ребалансот на Буџетот, обезбедени пари за доизградба на градинката во Волково


Советот на Општина Ѓорче Петров го донесе ребалансот на Буџетот предложен од градоначалникот Александар Стојкоски во кој се обезбедени седум милиони денари за доизградба на градинката во Волково. Како што соопшти Општината, средставта се обезбедени со кратење од парите наменети за трошоци на градоначалникот Стојкоски, Советот и на администрацијата. –Потребите на градоначалникот, Советот, администрацијата се […]

Зимската служба на Град Скопје од денеска во фунција


Зимската служба на Град Скопје од денеска е ставена во фунција, а со тоа и координираните активности за зимско оддржување на улиците во надлежност на Град Скопје, врз основа на Програмата усвоена од Советот и средствата предвидени во Буџетот. Носител на активностите за зимското одржување на улиците ќе биде ЈП „Улици и патишта“ со целокупната […]

Општина Центар исплаќа субвенции за поправка и санација на кровови и лифтови


 Општина Центар ја започна исплатата за финансиската поддршка за реконструкција на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови во девет станбени објекти на подрачјето на општината. Како што информираат од општината, финансиската поддршка во износ од 2.154.837 денари ќе овозможи поправка и санација на станбени објекти на адресите на улица „Васил Ѓоргов“ број 28/22, улица „Народен […]