Три државни парцели стануваат приватни за нова шесткатница кај „Тифани“


Три парцели кај зградата „Тифани“ во најстрогиот центар на Скопје од државни стануваат приватни со објаснување од Управата за имотно-правни работи дека се работи за дооформување на парцела, пишува А1ОН.

Две од трите парцели, според јавно достапните податоци од Агенцијата за катастар на недвижностите, се сопственост на Република Македонија, а една е запишана како сопственост на Општина Центар.

-За приватизација на земјиштето во корист на „СМС шопс“, Управата за имотно-прави работи експресно постапувала. Компанијата на 3 март годинава поднела барање да престане правото на користење што го имала Општина Центар, а тринаесет дена подоцна добила решение со кое престанува корисничкото право на Општината за тие да може да ја дооформат парцелата за новата шесткатница. За изработка на вакви решенија има граѓани што чекаат и по една деценија. Од Министерството за финансии, во чиј состав како самостоен орган функционира Управата за имотно -правни работи, не одговорија на прашањата од „А1он“, пишува порталот.

Од соте засегнати, само Општина Центар одговори

Општина Центар велат дека  ќе ги искористат сите правни средства и лекови за да се поништи донесеното Решение од Управата за имотно правни работи.

Ставот на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски е јасен уште во времето на предизборната кампања: „Нема да дозволам да се злоупотреби ниту една педа државното земјиште“.

Од таму потврдуваат дека ДУП-от – Централно градско подрачје на Град Скопје – Мал Ринг, Општина Центар – Скопје со измените и дополнувањата од 21.12.2012, предвидува градби од категорија А2, односно Домување во станбени згради.

– Општината е затекната од Решението за престсанување на правото на користење на градежно земјиште што претставува дел од КП 11843/2 од КО Центар 1, гнз во површина од 185 м2, од досегашниот корисник Општина Центар. Ова решение е донесено од Управата за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Центар-Скопје при Министерството за финансии, со кое престанува нашето право на користење на градежното земјиште. Изненадени сме од фактот што Управата не побарала мислење од општината пред да го донесе истото – велат од Центар.

Целата тема прочитајте ја на А1ОН